Како на Дивиот запад: Пиштолџии упаднале на приватна забава во Хрватска, пукале во луѓе и избегале

Хрватска полиција /Фото: МИА

Четворица мажи вчера упаднале во ресторан Во Дуго Село кај Загреб, во кој се одржувала приватна забава, и по вербалниот конфликт меѓу себе и со присутните, еден од насилниците пукал кон луѓе обидувајќи се да ги убие, но не ги погодил, соопшти полицијата.

Во соопштението од загрепската полиција се вели дека на 28 јануари околу 18:00 часот во Дуго Село, на приватен собир во ресторан влегле четири непознати лица кои вербално им се заканувале на лицата кои биле таму, за потоа почнале да почнат да се туркаат и физички да се пресметуваат меѓу себе, пишува „Индекс“.

Како што прецизираат од полицијата, по ова, еден од четворицата непознати натрапници испукал од пиштол кон двајца луѓе на возраст од 40 и 45 години, по што четворицата избегале од ресторанот.

Во инцидентот нема повредени, а истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот