Како Мурињо само со четири зборови го натера Ето да потпише за Интер

twitter/Actu Foot

Самуел Ето откри дека Жозе Мурињо на невообичаен начин го убеди да се согласи да биде дел од размената и од Барселона да се пресели во италијанскиот тим.

Легендарниот камерунски фудбалер се потсети како дојде до тоа од Барселона да се пресели во Интер и да работи со Жозе Мурињо. Според неговите зборови, клучната улога во трансферот во кој Златан Ибрахимовиќ пристигна во Барселона, а Ето замина во спротивен правец, има токму португалскиот тренер.

– Мурињо не наговори на едноставен начин. Ми испрати фотографија од дресот на Интер со бројот девет и напиша: Твој е, те чека – открива Ето, а потоа објаснува дека и други играчи на Интер го наговарале да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Потоа ми се јави и Матераци кој ми напиша дека ќе освоиме се доколку дојдам во Интер. Го немав неговиот телефонски број, па го прашав Албертини чив е. Никогаш не ми се случило такво нешто во животот и навистина не ми беше тешко да донесам одлука.

Голем удел во одлуката на Ето имаше и тогашниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола кој инсистираше не неговата продажба. По доаѓањето во Интер, Камерунецот веднаш доби можност да му се реваншира на Гвардиола бидејќи во полуфиналето од ЛШ во 2010 година играа токму Интер и Барселона.
Првиот натпревар заврши со 3:1 за италијанскиот тим додека во реваншот Барселона славеше само со 1:0, а тој натпревар Ето ќе го памети бидејќи го одигра како десен бек.

– Кога Тиаго Мота доби црвен картон, Муртињо не повика мене и Хавиер Занети за да ни објасни како ќе играме. Немав време да размислувам за тоа што ме очекуваше. На крајот успеавме и се пласиравме во финалето – вели Ето.

Интер во таа 2010 година триумфира во ЛШ, како и во Серија А и Купот на Италија, а Ето стана првиот играч кој успеал да освои тројни круни со две различни екипи, Интер и Барселона која ја предводеше Гвардиола.

– Мурињо и Гвардиола имаа само една заедничка карактеристика, тоа беше желбата за победа. Во се друго беа различни, од личноста, карактерот па се фудбалската филозофија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот