Како може да се намалат 5 килограми за 3 дена?

Сигурно многупати сте се обиделе да намалите некој килограм неколку дена пред викендот или пред некој поважен настан.

Понеделникот е секогаш „омилен“ ден за почеток на диета или здрав режим на исхрана.

Возможно е, но пред да се обидете со нешто такво треба да бидете во одлична здравствена состојба бидејќи овие ригорозни диети се опасни по здравјето.

Обидете се со 3 оброци дневно, богати само со свеж зеленчук во сите бои. Не ги ставајте во блендер или други слични електрични уреди туку само исечкајте ги на покрупни парчиња.

Седнете на мирно место во домот без да гледате во телевизорот додека јадете или во мобилниот телефон и уживајте во оброкот. Џвакајте долго и уживајте во секој вкус од богата чинија плодови.

Секој оброк експериментирајте со салатите и секогаш во секоја салата да преовладува зелената боја, особено темно зелената боја.

Дополнително може да додадете и неколку јатки како бадеми, ореви или лешници.

Зачинувајте исклучиво со ладно цедено маслиново масло, сол и по желба малку чили.

Може да го практикувате овој строг режим од 2 до максимални 5 дена. Не прескокнувајте оброци и најважно оброците секогаш треба да се богати или едноставно кажано – полна чинија свеж зеленчук.

Доколку почувствувате желба за слатко само земете едно парче овошје по избор. Верувајте, овошјето никогаш нема да ви биде повкусно и ќе уживате во парче банана или портокал како да е најубав десерт.

Овој пат целта не е само намалувањето на некој килограм туку уживање во вкусот на здравата храна и зголемувањето на редовните оброци со свеж зеленчук.

Кога јадеме комбинирано месо, млечни производи и зеленчук вкусот на здравите намирници не се чувствува.

Нешто многу загрижувачки е што секогаш по оброкот ни се спие и сме уморни, но со овој неколкудневен режим по оброкот ќе бидете полни со енергија.

Отворете го фрижидерот уште денес и наполнете ја чинијата само со свеж зеленчук.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот