Како морето влијае на здравјето на жените

Лековитоста на морето одамна е потврдена, но не само поради пливањето или шетањето по песокот, туку и поради воздухот и сонцето. Секако, доколку не се претерува со изложување на сонце.

Делотворно е и седењето на брегот и гледањето на брановите, истакнуваат стручњаци од Британското здружение на дерматолози.

Воздухот и мирисот на морето ослободуваат диметрил-сулфид, кој директно делува позитивно на дишните патишта. Подобро ќе спиете, бидејќи поради изобилството негативни јони полесно се апсорбира кислородот.

Негативните јони се борат и против слободните радикали, воспоставувајќи рамнотежа на хормоните на среќа и задоволство. Престојот на море го ублажува дерматитисот, односно морската сол и калиум хлоридот го поттикнуваат зараснувањето на кожата, повлекувањето на егземите, а се препорачува и како лек за синуси, алергии, настинки.

Благодарение на сонцето организмот ги добива неопходните количини на витамин Д кој делува на коските, мускулите, имунитетот.

Впивањето на сончевите зраци е најдобар начин за превенција на настанување на остеопороза и намалување на нивото на шеќер во крвта. Колку што е поголем процентот на витаминот Д, толку е пониско нивото на гликозата.

Сончањето е корисно и во превенција од срцеви болести, а ги потиснува и процесите кои му штетат на помнењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот