Како мирисаат луѓето со „сина крв“? Омилените парфеми на Дајана, Меган и Кејт 

Profimedia

Без оглед дали станува збор за фустан или за чевли што ги носат Меган Маркл и Кејт Мидлтон, тоа веднаш станува класика. Таков е случајот и со нивните омилени парфеми.

Принцеза Дајана
Принцезата Дајана ги бирала парфемите не само како мириси кои ќе ја следат во текот на денот или ноќта, туку и искрено верувала дека одбраниот мирис може да донесе среќа, но и да придонесе во неволја. За својата венчавка во 1981 година принцезата Дајана избрала спој на роза и јасмин кој ги воодушевил сите покрај кои поминала. Тоа бил Quelques Fleurs Houbigant Paris, еден од најубавите парфеми за Дајана.

Кејт Мидлтон
За својата венчавка во 2011 година Кејт избрала пролетна цветна арома која совршено се согласувала со остатокот на нејзиниот изглед. Се работи за парфемот White Gardenia Petals од брендот Illuminum.

Меган Маркл
Во едно интервју војвотката од Сасекс истакнала дека многу сака парфеми, па има три кои наизменично ги менува. Еден од нив е Wild Bluebell од брендот Jo Malone London.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот