КАКО МИЛИЈАРДЕРОТ ПЕДОФИЛ СИ ГО ОДЗЕЛ ЖИВОТОТ? Бил под посебен надзор, но чуварите направиле УЖАСНА ГРЕШКА

Два дена по смртта на Џефри Епстајн, милијардерот обвинет за сексуално злоставување и трговија со малолетници, во медиумите кружат различни верзии за неговата смрт – од теории на заговор дека станува збор за нарачано убиство, до тврдења дека затворските чувари направиле сериозни пропусти во надзорот на Епстајн.

Додека првата верзија се сведува на претпоставки на Твитер, втората верзија би можела да биде повод за истрага која ја бараат се поголем број угледни Американци, сенатори и политичари.

Имено, нејасно е како Епстајн извршил самоубиство ако бил под специјални мерки на надзор за суицидни затвореници. Спомнатата мерка за милијардерот педофил е воведена откако пред две недели се обидел да се обеси во затворската ќелија. Тогаш животот му го спасил цимерот, бивши полицаец обвинет за киднапирање и убиство на четири лица, а Епстајн е префрлен во посебен дел од затворот каде беше сам во ќелијата и под константен надзор.

Една од непотврдените верзии кои може да се прочитаат во американските медиуми е дека чуварите не ја почитувале задолжителната процедура за надзор на суицидни затвореници која подразбира дека затвореникот во текот на вечерта треба да се надгледува на секои 30 минути.

Агенцијата АП, повикувајќи се на личност запознаена со работата во затворот, наведува дека дента кога Епстајн извршил самоубиство, неговите чувари работеле екстремно прекувремено, со цел да го надоместат недостатокот од персонал. Изворот рекол дека еден од чуварите работел прекувремено пет дена по ред, додека другиот имал обврски со прекувремена работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот