Ка­ко ми­ле­ни­чето по­ка­жу­ва љу­бов – ако спие со вас, ве обо­жава

Не е мис­те­ри­ја де­ка хра­на­та ги раз­д­ви­жу­ва до­маш­ни­те ми­ле­ни­чиња, но на­уч­ни­кот Гре­го­ри Бар­нс ве­ли де­ка она што ку­че­то или ма­че­то го пра­ват по­сле ја­де­њето, прет­ста­ву­ва неш­то мно­гу важно.

Ка­ко со си­гур­ност да зна­е­те ва­ше­то ми­ле­ни­че ве сака?

Иа­ко по­стојат број­ни и оп­сеж­ни ис­тра­жу­ва­ња што се за­ни­ма­ва­ле со пра­ша­ње­то ка­ко да зна­е­те да­ли ва­ши­от до­ма­шен ми­ле­ник на­вис­ти­на ве сака, по­стојат и ма­ли зна­ци кои на тој што го чу­ва ку­че­то или ма­че­то јас­но ќе му по­ка­жат што тоа чув­ству­ва кон него.

– Ва­ше­то ку­че или ма­че до­а­ѓа да се га­ли со вас по­сле ја­де­њето. Не е мис­те­ри­ја тоа де­ка жи­вот­ни­те нај­чес­то ги рас­по­ло­жу­ва хра­ната, но на­уч­ни­кот Гре­го­ри Бар­нс ве­ли де­ка она што жи­во­тин­че­то го пра­ви по­сле ја­де­њето, прет­ста­ву­ва неш­то мно­гу важно. Па така, до­кол­ку ва­ше­то ку­че вед­наш по­сле об­ро­кот са­ка да се гали, тоа зна­чи де­ка сте му мно­гу важни.

– Да­ли ва­ше­то ку­че спие со вас? Не­кои лу­ѓе не доз­во­лу­ва­ат до­маш­ни­те ми­ле­ни­ци да спи­јат со нив во кре­вет. Ме­ѓу­тоа, тоа е ед­нос­та­вен на­чин да се препоз­на­е­те да­ли ве са­ка­ат и да­ли ви се ло­јални. До­кол­ку ми­ле­ни­че­то ос­та­ну­ва со вас во кре­вет це­ло вре­ме до­де­ка сте и вие во него, ва­ши­от пес ед­нос­тав­но ве обо­жува.

– Да­ли ва­ше­то ку­че се воз­не­ми­ру­ва ко­га из­ле­гу­ва­те од ста­нот? Пот­врден од­го­вор зна­чи де­ка жи­вот­но­то мо­же­би е ан­кси­оз­но или без до­верба. До­кол­ку ва­ши­от ми­ле­ник без проб­лем за­ми­ну­ва на сво­е­то место, тоа е знак де­ка ви ве­ру­ва и де­ка ве сака.

– Ви се ра­ду­ва ли до­маш­но­то ми­ле­ни­че ко­га ќе дој­де­те дома? До­кол­ку е така, тоа е пот­врден знак де­ка сте му не­дос­та­су­ва­ле и де­ка ед­вај че­кал пов­тор­но да ве види.

Пок­рај, не­кол­ку­те на­чи­ни на кои мо­же­те да препоз­на­е­те љу­бов кај сво­е­то до­маш­но ми­ле­ниче, по­стои уш­те еден на­чин на кој не­го­ва­та љу­бов мо­же да ста­не по­сил­на – са­кај­те го и вие ми­ле­ни­че­то се­кој ден се по­веќе, а тоа двој­но ќе ви ја воз­вра­ти љу­бовта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот