Како мерка за национална безбедност: Шведска ја забрани 5Г опремата на кинеските компании „Хуавеи“ и ЗТЕ

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Шведска воведува забрана за опремата на кинеските групи „Хуавеи“ и ЗТЕ за 5Г телекомуникациските мрежи како мерка за национална безбедност. Инсталираната опрема од посочените кинески производители ќе мора да биде отстранета до 1 јануари во 2025 година, соопшти денеска шведската Управа за телекомуникации.

Забраната доаѓа како последица на усвојувањето на нов закон на почетокот на оваа година и резултат е на оценки на воените и разузнавачки власти кои настојуваат да осигураат дека „употребата на фреквенции не ја загрозува безбедноста на Шведска, се наведува во соопштението на надлежните институции.

Кон забраната на Шведска, чија компанија „Ериксон“ е конкурент на „Хуавеи“, се придружи и Велика Британија. Неколку други европски земји постепено го затвораат вратите на своите телекомуникациски мрежи или планираат да го сторат тоа.

Поставувањето на 5Г инфраструктура во Европа е забавено поради пандемијата на ковид-19 и геополитичките тензии меѓу САД и Кина. Европската Унија, пак, вети дека зголемување на развојот на 5Г мрежи., така што до крајот на 2020 година ќе обезбеди достапност на 5Г радио спектар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот