Како Матеј и другарите успеале да влезат во клубот иако немале резервација? Менаџерот на клубот откри детали како и кој бил со нив

Фото Колаж на СП/ Фото OLIVER BUNIĆ / RAS SRBIJA

Медиумите пишуваат дека Матеј Периш од Сплит бил во клубот „Готик“ пред неговото исчезнување. Така се вика овој објект од претходниот сопственик, а сега тој клуб се вика „Магацин“. Менаџерката на тој клуб за хрватските медиуми откри зошто Матеј и другарите успеале да влезат во клубот иако немале резервација, како и кој бил со нив.

Се бара таксистот кој не го качи Матеј во возилото /Фото: Скриншот

Хрватските новинари во клубот ги внела менаџерката Зориза Шестовиќ. Тие влегле во простор од околу 500 метри квадратни. Плишани црвени клупи со маси, преовладувала црната боја на ентериерот.

Улицата низ која поминал Матеј Периш / Фото: OLIVER BUNIĆ / RAS SRBIJA

Шестовиќ на хрватските новинари им ја покажала и локацијата, однoсно шанкот зад кој таа вечер стоеле седуммината сплиќани. Просторот се наоѓал веднаш до бината каде таа вечер гостите се забавувале . Од другата страна на улицата како гости престојувале и група на млади луѓе од Задар. Шестовиќ вели дека клубот не бил полн, па веројатно затоа сплиќаните биле пуштени да влезат иако немале резервација како повеќето гости.

– Деновиве се пишуваше се, а особено дека обезбедувањето ги предупредило младите за нивното однесување во клубот. Тоа едноставно не е точно. Се забавуваа исто како и задарчани, немаше проблеми. Знаете како, млади луѓе… – вели менаџерот на клубот.

Таа не забележала ништо специфично кај Матеј, само се сеќава дека полицијата била таму следната вечер и дека се распрашувала за исчезнатиот млад човек, и ги испрашувала келнерите кои го послужувале.

Нови снимки за исчезнувањето на Матеј Периш/Фото: Скриншот

Што се случило со неговата јакна?

– Јакната му ја зеле пријателите, вели менаџерката.

Клубот „Магацин“, кој неодамна почна со работа, нема надзорна камера, но вели дека полицијата преземала снимки од надзорните камери од сите околни објекти. Последното видео на Матеј Периш е она од ресторанот „Сава Нова“, каде последен пат е снимен Матеј. Таа камера снимила дел од неговото тело и се претпоставува дека Матеј таму влегол во реката.

Друштвото на Матеј пиело виски и вино – тој излегол да трча да се отрезни, нова теорија за исчезнатото момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот