Како маслото од семки од тиква делува на слабеењето

масло од семки од тиква

Поради својот единствен состав, маслото од семки од тиква придонесува за губење на килограмите, а не дозволува создавање на масни наслаги на проблематичните делови – на задникот, колковите и стомакот. Покрај тоа, маслото од тиква ги отстранува токсините од организмот и го подобрува матаболизмот, со што помага за намалување на целулитот.

Доколку сакате да загубите килограми потребно е да користите масло од тиква. Но запомнете, ако се загрее – тогаш сите корисни супстанци ќе исчезнат, па нема да имате никаква полза. Затоа употребувајте го како додаток за салати или на следниве начини:

Наутро на празен стомак земете 1 лажичка масло од тиква. Доколку не можете да го испиете така „чисто“ помешајте го во вашето омилено утринско смути или пак едноставно помешајте го со малку мед. По 15-на минути од конузмирањето, можете да појадувате. Потребно е да пиете масло од тиква 3 недели последователно, за да го почувствувате делувањето. Нутриционистите веруваат дека за овој период можат да се загубат до 5 килограми.

Маслото од тиква може да го конзумирате со зеленчук, односно со секој прилог од зеленчук кој ќе го подготвите за ручекот. Не заборавајте дека е премногу вкусно во комбинација со компир (варен), а одлично „оди“ и врз оризот па дури и врз посното месо!

Употербувајте од маслото од тиква секојдневно по три лажички, за појадок, ручек и за вечера. Резултатите нема да изостанат во намалувањето на конфекцискиот број, но и во сјајноста на кожата и косата. А кога сме веќе кај кожата, да се потсетиме дека најдобрата маска за нега на кожа се прави токму од чистото масло од тиква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот