Како малата Летонија гледа на потенцијалната закана од соседна Русија?

ЛАТВИА РИГА
Фото : Слободен печат Б.С.

Прашањето за отстранување на советските споменици (симболите на советската ера) во Летонија, која беше окупирана и припоена од Советскиот Сојуз до 1991 година, ги влоши и онака лошите односите меѓу Рига и Москва, дополнително заострени СО руската воена интервенција во Украина и засилената реторика од Кремљ во однос на балтичките земји.

Но доколку ја посетите Рига, ќе наидете на една невообичаена и помалку збунувачка ситуација поради тоа што делува дека рускиот јазикот е подоминантен дури и од домашниот летонски јазик. Според некои проценки, односот на оние што говорат летонски јазик и оние што говорат руски јазик во земјата е безмалку изедначен, а исто така се проценува дека е речиси една третина.

Советски знаменитости во паркот на победата во Рига

Во поглед на тоа дали Русија би можела воено да интервенира и во малите балтички земји, мислењето на локалното население е дека иако постои страв, сепак такво нешто делува безмалку невозможно, особено поради тоа што сите балтички земји се и членки на НАТО.

„Некои луѓе се навистина исплашени, вклучувајќи некои од моите пријатели. Тие мислат дека Русија може да ги нападне балтичките земји. Но сепак јас не верувам во тоа, бидејќи звучи премногу лудо дури и за Путин. Ние сме дел од НАТО и тие треба да не поддржат и заштитат. Но, доколку пак Русија не нападне, верувам дека НАТО нема да не заштити, бидејќи сме премногу мали вели за Слободен печат 28-годишниот туристички водич Ален Геројан.

Иако во земјата преовладува мислењето дека руската агресија над Украина не е оправдана, сепак има и такви кои имаат и спротивно мислење.

„За жал, некои од моите не толку блиски пријатели ја поддржуваат руската инвазија. Се обидов да разговарам со нив во врска со тоа, но тие не сакаат да слушнат друго мислење“ објаснува Геројан.

Вашингтон Пост неодамна објави анкета направена со околу 1.300 испитаници во Естонија и по 1.000 во Летонија и Литванија во која се постави прашањето за тоа која е најголемата закана по нивните земји.

Главниот град Рига

Најголем дел од учесниците во истражувањето во Естонија (71 отсто) и Литванија (66 отсто) ја идентификуваа токму Русија како поголема закана отколку кој било друг потенцијален ризик.

Мнозинството во сите три балтички земји исто така поддржуваат уште поголемо присуство на НАТО на нивната територија – при што Естонија и Литванија покажуваат огромна поддршка – повеќе од три четвртини од анкетираните се залагаат да има повеќе војници на НАТО во овие земји.

Помал процент од испитаниците во Летонија (59 проценти) го поддржале зголеменото присуство на НАТО.

Додека испитаниците веруваат дека НАТО ќе ги брани доколку се случи воена агресија од страна на Русија, токму во Летонија овој процент е најнизок и изнесува околу (50 отсто), додека во Литванија тој процент изнесува 67 отсто, а во Естонија истиот е 61 отсто.

Едно од прашањата од анкетата исто така е дали испитаниците би ја бранеле својата земја во случај на руска воена агресија. Испитаниците во Естонија се со најголема веројатност да земат оружје во раце, односно 11 отсто рекле дека ќе се пријават во војска, а 21 отсто рекле дека ќе се пријават како доброволци.

Рига

Во Литванија, 8 проценти се подготвени да одат во војска, а 19 проценти да бидат волонтери, додека пак летонските испитаници се најскептични во овој поглед – само 4 отсто рекле дека ќе се пријават во војска, а 12 отсто рекле дека се подготвени да волонтираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот