Како Макрон му зададе ФАТАЛЕН УДАР на Западен Балкан за влез во ЕУ

Франција остана доследна на идеите на претседателот Емнауел Макрон за тоа дека ЕУ прво треба да се реформира, па да се проширува, а директните последици од тоа на своја кожа ги осетија Македонија и Албанија со недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, анализира Блиц.рс.

Оваа одлука следуваше по повеќечасовен состанок на шефовите на државите и владите на ЕУ, кои не успеаја да договорат и да и дадат „зелено светло“ за преговори на двете земји, а како главен „виновник“ за тоа јасно и гласно се наведува Франција.

Од друга страна, јасно е дека тоа е нивен став, бидејќи токму Макрон ја застапуваше тезата дека проширувањето на ЕУ е невозможно без внатрешни реформи.

Меѓутоа, како таа реформа во Унијата ќе изгледа, што ќе подразбира и кога точно ќе почне, засега не се знае, исто како што не е познато ниту какви би биле последици од таквата одлука и по самата ЕУ, но и земјите од Западен Балкан кои на тоа челнство со години сметаат. Она што е сигурно е дека таа реформа речиси сигурно ќе им го забави веќе и онака бавниот пат кон ЕУ.

Што сака Франција?

Засега се знае дека официјален Париз го застапува ставот за усвојување на нова методологија во преговарачкиот процес, бидејќи моменталната рамка е преголема и комплицирана. Затоа би требало да се промени пристапот, бидејќи онака како што моментално се работи, едноставно не одговара со реалната ситуација во земјите кои преговараат.

Иако заговара нов начин на преговори, Франција не прецизираше што тие треба да опфатат и како тоа треба да изгледа. Она што засега се знае е дека таа методологија би можела да биде претставена следната пролет. Како и за отворањето на преговори, и за новата методологија е неопходна согласноста на сите членки на ЕУ.

Во исто време, ваквиот развој на настаните роди нова дилема, како таа дали ова ќе влијае и на начинот на кој Србија и Црна Гора ќе ги водат преговорите за влез во  ЕУ.

Штета за ЕУ

Токму овие работи ги натераа многумина да мислат на тоа дали Франција всушност им наштетила на интересите на ЕУ. Токму тоа го рекол Роланд Фројденстин, политички директор на Вилфрајд Мартенс Центарот за европски истражувања, кој навел дека ставот на владата на Макрон ја изолирал земјата, додавајќи неколку „неодамнешни недостатоци од француската европска политика“.

Блокада поради револт?

Се шпекулира и дека целото ова што се случувало последните денови е последица, меѓу другото, и на тоа што Макрон бил револтиран од безуспешните консултации за поделба на водечките функции внатре во ЕУ, поточно од тоа што пратениците на Европскиот парламент не го поддржале изборот на Сидлви Гулар за европска комесерка, која токму тој ја кандидирал.

Тоа наводно Франција го сфатила како „шамар“ токму од Германија и канцеларката Меркел, од која веќе некое време тој се обидува да ја преземе палката на најмоќен европски лидер.

На Франција, во одлуката против отворање на преговори за ЕУ и се приклучија и Данска и Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот