Како Макрон му зададе ФАТАЛЕН УДАР на Западен Балкан за влез во ЕУ

Франција остана доследна на идеите на претседателот Емнауел Макрон за тоа дека ЕУ прво треба да се реформира, па да се проширува, а директните последици од тоа на своја кожа ги осетија Македонија и Албанија со недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ, анализира Блиц.рс.

Оваа одлука следуваше по повеќечасовен состанок на шефовите на државите и владите на ЕУ, кои не успеаја да договорат и да и дадат „зелено светло“ за преговори на двете земји, а како главен „виновник“ за тоа јасно и гласно се наведува Франција.

Од друга страна, јасно е дека тоа е нивен став, бидејќи токму Макрон ја застапуваше тезата дека проширувањето на ЕУ е невозможно без внатрешни реформи.

Меѓутоа, како таа реформа во Унијата ќе изгледа, што ќе подразбира и кога точно ќе почне, засега не се знае, исто како што не е познато ниту какви би биле последици од таквата одлука и по самата ЕУ, но и земјите од Западен Балкан кои на тоа челнство со години сметаат. Она што е сигурно е дека таа реформа речиси сигурно ќе им го забави веќе и онака бавниот пат кон ЕУ.

Прочитајте и...  Братот на Џорџ Флојд раскажа како течел разговорот со Трамп: Не ми даде можност ниту да зборувам (ВИДЕО)

Што сака Франција?

Засега се знае дека официјален Париз го застапува ставот за усвојување на нова методологија во преговарачкиот процес, бидејќи моменталната рамка е преголема и комплицирана. Затоа би требало да се промени пристапот, бидејќи онака како што моментално се работи, едноставно не одговара со реалната ситуација во земјите кои преговараат.

Иако заговара нов начин на преговори, Франција не прецизираше што тие треба да опфатат и како тоа треба да изгледа. Она што засега се знае е дека таа методологија би можела да биде претставена следната пролет. Како и за отворањето на преговори, и за новата методологија е неопходна согласноста на сите членки на ЕУ.

Во исто време, ваквиот развој на настаните роди нова дилема, како таа дали ова ќе влијае и на начинот на кој Србија и Црна Гора ќе ги водат преговорите за влез во  ЕУ.

Прочитајте и...  „Визер" воведува авиолинија Скопје – Салцбург

Штета за ЕУ

Токму овие работи ги натераа многумина да мислат на тоа дали Франција всушност им наштетила на интересите на ЕУ. Токму тоа го рекол Роланд Фројденстин, политички директор на Вилфрајд Мартенс Центарот за европски истражувања, кој навел дека ставот на владата на Макрон ја изолирал земјата, додавајќи неколку „неодамнешни недостатоци од француската европска политика“.

Блокада поради револт?

Се шпекулира и дека целото ова што се случувало последните денови е последица, меѓу другото, и на тоа што Макрон бил револтиран од безуспешните консултации за поделба на водечките функции внатре во ЕУ, поточно од тоа што пратениците на Европскиот парламент не го поддржале изборот на Сидлви Гулар за европска комесерка, која токму тој ја кандидирал.

Прочитајте и...  Убиството на Џорџ Флојд ја крена и Европа на нозе: Протести на солидарност со САД во Лондон и Берлин (ВИДЕО)

Тоа наводно Франција го сфатила како „шамар“ токму од Германија и канцеларката Меркел, од која веќе некое време тој се обидува да ја преземе палката на најмоќен европски лидер.

На Франција, во одлуката против отворање на преговори за ЕУ и се приклучија и Данска и Холандија.

Прочитај повеќе

Цукерберг со предлог до Трамп: „Олади малку“

Слободен печат

Директорот на „Службен весник” во самоизолација, бил во контакт со Лукаревска

Слободен печат

„Емирати Ерлајнс“ очекува враќање во нормала до 2024 година

Слободен печат

Флојд бил тепан и на задното седиште од полицискиот автомобил (ВИДЕО)

Слободен печат

Седум лица починаа, од 727 тестирања регистрирани 89 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

Страшна сообраќајка во Непал: 12 мртви, повеќе од 20 повредени

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мухамед Зекири: Не сум бил на ниту еден ифтар

ДИК ги почна подготовките за избори

Песков: Русија не е вмешена во немирите во САД

Слободен печат

ДПА сака избори 22 дена по завршување на вонредната состојба

Слободен печат

Нови цени на горивата: Дизелот останува под 50 денари

Слободен печат

Нова велосипедска патека во Скопје (ФОТО)

Слободен печат