Како лесно да препознаете дали вашето куче е гладно, тажно, среќно, исплашено, нервозно

Иако зборуваме на различни јазици, и тоа како се разбираме! Ако малку подобро погледнеме, нашите домашни миленици се многу зборлести. Со помош на своето тело, очи, опавче, уши, шепи, а пред сè со лаењето, вашиот миленик ќе се обиде да ви каже што сака и како се чувствува.

Љубопитноста и желбата нешто да ви покаже, ќе ја покаже со звук со средна висина што ќе го испушти два-три пати.

Сигурно сте забележале дека во текот на играта, особено ако влечете некое јаже, стара крпа и слично, кучето ќе заржи но нема да ги покаже забите. Тоа е знак дека му е забавно.

Ако почувствува ненадејно болка, ќе зацвили кратко, а звукот е висок. Ако е во прашање голема болка или страв, цвилењето се продолжува.

Кога сака да ве поздрави, тоа ќе го направи со еден или два кратки лаежа.

Еден краток, но остар лаеж, обично подразбира дека сте направиле нешто што не му се допаѓа.

Нешто се случува во близина? Следува брзо лаење со кратки паузи.

Непрекинатото лаење може да значи дека нешто не е во ред или дека на неговата територија доаѓа некој што не го познава.

Осамен сум и многу ми требаш – тоа ќе го покаже со продолжено лаење со мали паузи.

Одоговлечувате со одење на прошетка? Нетрпението ќе го покаже со лаење кое е кратко и отсечно што значи – ајде веќе да одиме во парк!

Храна? Дај ми да јадам – тонот ќе биде прилично развлечен, долг и гласен.

Ескпертите велат дека токму звукот кој е висок значи непријатност. Тогаш кучето е тажно, исплашено, нешто го боли. Ако тонот е низок, најчесто значи дека кучето е луто или нервозно. Со средни тонови кучето сака да ви каже дека сè е во ред, задоволно е и убаво му е. Сè на сè кучињата не лаат без причина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот