Како кумот Ањели стана најголем предавник

epa07350069 Member of the UEFA executive committee, representing European Club Association (ECA) Andrea Agnelli (L) speaks with UEFA president Aleksander Ceferin (R) during the 43rd UEFA Congress in Rome, Italy, 07 February 2019. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Претседателот на Јувентус, за еден ден стана една од најомразените личности во светот на фудбалот.

Формирањето на европската Суперлига ги раздрма темелите на фудбалот, 12 европски клубови одлучија да формираат натпреварување во кое ќе учестувува само одбрано друштво, со што се зари нож во грбот на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Челси, Тотенхем, Јувентус, Милан и Интер се основачите на Суперлигата која треба да стартува најверојатно во август и се очекува да играат 20 екипи.

Основачите на Суперлигата ќе се обидат да ги придобијат германските и француските екипи иако денеска добија негативен одговор, но се надеваат дека парите ќе бидат доволна мамка за учество. Инвестициската банка Џеј Пи Морган обезбеди буџет од дури пет милијарди долари, а по објавата на веста дека е формирана Суперлигата, рипна вредноста на акциите на екипите.

Италијанските медиуми немаат дилеми дека клучен човек за формирање на Суперлигата е претседател на Јувентус, Андреа Ањели.

Ањели веднаш по формирањето на Суперлигата си поднесе оставка од претседателската функција во унијата на европски клубови (ЕЦА) која тесно соработува со УЕФА, а исто така го напушти местото и во комитетот на европската куќа на фудбалот.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин е посебно разочаран од ваквите потези на Ањели кој дури е кум на неговото дете. Ањели и Чеферин тесно соработуваа на новиот формат на Лигата на шампионите, но во последен момент, првиот човек на Јувентус му го сврте грбот на својот пријател и му стана десна рака на Флорентино Перез во Суперлигата.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Ањели имал договор со Чеферин дека Јувентус не смее да се приклучи на Суперлигата во наредните 10 години, а италијанската Серија А ќе добиеше финансиска помош во висина од 1.7 милијарди евра со кои ќе се реновираа стадионите. Но, Ањели во последен момент го изигра Чеферин и стана една од најомразените личности во светот на фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот