Како Ковид-19 ги надмина еболата, САРС и МЕРС: Заразени се повеќе од 82 илјади луѓе во светот (ВИДЕО)

Нова видео-анимација покажува како коронавирусот со брзината на ширење го надмина САРС-от, МЕРС-сот, епидемијата на ебола и свинскиот грип, пишува „Дејли меил“.

Анимацијата на компанијата „Абакаба“, која е објавена на Јутјуб на 12 февруари, споредува колку брзо се ширеше секоја од наброените болести, откако се објавени првите случаи.

Така, може да се забележи дека на почетокот коронавирусот се ширел поспоро од еболата, САРС-от и свинскиот грип. Но, на 41-виот ден од избивањето на епидемијата, имало 243 заболени од ебола, 182 од МЕРС, 520 од свински грип, а 3.600 од САРС. За споредба, на 41-виот ден од избивањето на коронавирусот, 12 февруари, имало повеќе од 41.700 заразени во светот.

Поранешниот службеник од Центарот за контрола и превенција на болести др. Роберт Ејмлер рече за „Дејли меил“ дека бројните патувања ширум Кина – од чиј град Вухан потекна вирусот – како и можноста тој да се пренесува по воздушен пат допринеле за неговата брзина.

Новиот вирус, кој инаку е од семејство на коронавирусот, што значи дека е „роднина“ со САРС-от и МЕРС-от, меѓутоа во време кога епидемијата на САРС-от е прекината во мај 2004 година, заболеа 8.098, а починаа 774 лица, што е стапка на смртност од околу 10 отсто. Во ноември 2019 година имаше 2.494 потврдени случаи на заболени од МЕРС, а 858 смртни, со стапка на срмтност од 34 отсто. Засега, новиот коронавирус Ковид-19 делува помалку смротоносно, но се шири многу брзо.

Новата анимација исто така ја споредува моменталната епидемија со избивање на еболата во западна Африка во 2014 година. Исто така еболата зарази далеку помалку луѓе од САРС-от или новиот коронавирус, но нејзината стапка на смртност беше дури 90 отсто. Еболата се пренеси со крв, а не по воздух, додека САРС-от, МЕРС-от и новиот вирус по респираторен, што можеби е причина што оваа смртоносна болест не се проширила толку брзо.

– И покрај тоа што еболата е разлилна, карактеристика на сите епидемии е тоа што на крајот завршуваат – вели Ејмлер.

Тој смета дека така и епидемијата новиот коронавирус ќе заврши брзо, но им препорачува на луѓето да останат внимателни и да користат лични мерки за превенција, особено често миење на раце и избегнување на контакт со заболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот