Како кошаркарите на Лејкерс ја примија веста за смртта на Коби: Хауард замина во тоалет и почна да плаче 

twitter/TalkBasket

Вчера во „Стејпс центарот“ беше одржана комеморација во чест на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица кои загинаа во хеликоптерската несреќа на 26 јануари.

Утре ќе наврши точно еден месец од трагичната смрт на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица. Клубот во кој Брајант ја помина целата кариера во НБА, ЛА Лејкерс, се присети на кобниот ден, екипата се враќаше од Филаделфија, а кошаркарите за трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња дознаа во авионот.

Ентони Дејвис откри што се случуваше во авионот и како му соопштил на Леброн Џејмс за смртта на Коби.

– Вообичаено не можам да спијам во авион и често гледам нешто на Ајпад. Гледав филм и бев фокусиран на него. Тогаш видов како Двајт Хауард и Демаркус Казнс ми мавтаат и ми покажуваат да ги симнам случалките.

Кога го сторив тоа Двајт ми рече: Човеку, Коби загина.
Јас не верував во такво нешто, но повторно ми кажаа дека станува збор за Коби, а јас не ја прифаќав таа информација. Неколку секунди подоцна како да се вратив во реалноста и не можев да поверувам. Леброн спиеше во тие моменти, а Двајт и Буги ми објаснуваа дека Коби загинал во пад на хеликоптер.

Почнав да го будам Леброн „Разбуди се, разбуди се“. Сите веднаш ги вклучија своите телефони и бараа на интернет за да видат дали е вистина. Ниту Леброн не веруваше што се случи и беше во шок.

Тој ни зборуваше да престанеме да се шегуваме. Беше неверојатно потресен и повреден. Двајт отиде во тоалет, но сите слушнавме како плаче и вика. Џејмс не можеше да се воздржи и тој почна да плаче. Тоа беше најдолгиот лет во мојот живот – открива Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот