Како комита замишља антисемита

Врв на злото е оваа кампања, ни из чега, свесно произведена, кампања во која твојот лидер и целата таа криминална структура, на која си им ги отстапила своите услуги, ги употребува Евреите како платформа на која можат да се искачат и да станат видливи во предизборната борба. И ти се една штица во таа платформа. Или шајка.

Драга Рашела,
Кој е тој „никој“ на кого нема да му дозволиш од твојот народ да прави антисемитски народ!?
Има ли тој „никој“ име и презиме.
Ако нема, како си дозволуваш со лекоќа и волнена мекоќа да парадираш со така сериозни теми каква што е антисемитизмот.
Твојата реакција е океј ако ја читаме без контекстот на кој се однесува, но ако ја туриме кај што ѝ е местото, ќе видиме дека ти, всушност, настапуваш како патетична манекенка на злото.
Како Наоми Кембел во новата колекција на Кју Клукс Клан!
Да не одиме понатаму.

И затоа јас предлагам работата да ја радикализираме докрај за нештата да станат појасни: срамно е, опасно, ненормално и неморално, за секој човек, со минимум интегритет, да биде член на партијата што изврши културен геноцид, економска декапацитација и историска десубјективизација на Македонија и на македонскиот народ, општа кретенизација и глупантропизација, како неизбришлива трага на темелните, системски и систематски зафати во рамките на својата разорна мисија.

Тоа важи и за Сиријците, кои денес-утре можат да завршат во Инџиково или во Штип, и покрај референдумите што ги организираше внатрешната македонска нацистичка партија што те назначи за министерка, тоа важи и за Македонците, а тоа, на особен начин, важи за Евреите. За припадниците на народот, на кој тоа што чипираните идиоти им го направија на Македонците, како културолошки, историографски, морален, образовен и финансиско-економски погром, го искусија и како физичка апокалипса во холокаустот. И на кој раселувањето му е во културниот, да не речам, и во генетскиот код.

Нашиот циклон, драга Рашела, се вика ВМРО. ВМРО-ДПМНЕ. Фараонот што нè гони кон Црвеното Море се вика така. Нас, со нашиот скромен Мојсеј што го обвинувате за антиеврејство.
Ти си молекулче, атомче, моме неуронче, немам поим, елементче кое на отровот му дава шмек. Ти си Шанел во Циклонот. Од најновата линија Б.

Што бараш ти таму!?

Јас имам право како Македонец и обврска како човек, да те прашам: што бараш ти таму!? Односно, како, тоа што го бараш, ако се согласиме дека е тоа министерската фотелја, парите или некаква кариера, го усогласуваш со моралните предизвици за кои тука пишувам!?
Како можеш да бидеш на листата на партијата што ја обединува масата која Шиптарите би ги бањала во гасни комори и од нив би правела сапуни за шарени алишта!?
И би потепала сè живо како антимакедонско, од Европа до Америка и до крајот на светот!?
И мене и мојата фамилија би нè ликвидирале на најсвиреп начин.
Откако сите дуќани ми ги испокршија во нивната кристална деценија.
И смените што како криминал ги правите се навестување на новата кристалната ноќ или илјадагодишен рајх на единствената партија по победата на изборите.
Која е идејна наследничка на тие што ги праќаа твоите браќа и сестри во Треблинка.
Победа која никогаш нема да се случи.
Ти тоа го знаеш, зарем не!
Ти можеш да мислиш дека се тоа кафеански и предизборни претерувања, но јас сакам да те уверам дека тоа е став што ѕверот кој покасно се обликува како вмрон тоа го прима ако не со мајчиното млеко тогаш со партиската иницијација.
Нашиот Ајхман е во Будимпешта, а ти си се нафатила да го водиш неговиот „арбајт махт фрај“ сектор во татковината.
Па, нели е тоа малку многу.
Се сеќаваш ли на Диво насеље, на Смилковско Езеро, на крвавиот пуч во Собранието, на Младенов и Нешковски, на Кежаровски и фамилијата Рамковски, на Фијат Цановски, на „Скопје 2014“, на урбанистичко-архитектонскиот масакр!?
Потребна е магнетна резонанца за да се регистрира некоја антисемитска честичка во македонското ткиво, но не ни требаат никакви апарати за да ја фатиме нивната антимакедонска, античовечка позиција во која никој, па ниту Евреите, не се безбедни, по дефиниција.
Зборувам за ВМРО. За ВМРО-ДПМНЕ.
Врв на злото е оваа кампања, ни из чега, свесно произведена, кампања во која твојот лидер и целата таа криминална структура, на која си им ги отстапила своите услуги, ги употребува Евреите како платформа на која можат да се искачат и да станат видливи во предизборната борба.
И ти се една штица во таа платформа.
Или шајка.
Не знам, тоа ќе треба да прашаш во штабквартирата на грозомората, на која за да биде совршен симбол на нацизмот ѝ фалат уште долгите црвени знамиња со испрекршени крстови.
Како гроза од имитација, но опасна, монструозна.
Кутлешот е за чистите глуперди.
За сè друго се нула, или се малку под нулата.
Приказната за антисемитизмот, драга моја Рашела, ја исцицаа од еден, внимавај сега, проеврејски твит на една жена и ја лансираа на национално ниво како антисемитска загроза лудаците што тебе те ставија за министер, бесрамно обвинувајќи ја споменатата жена и политичкиот врв на државата, дека, внимавај, „шири омраза кон државата Израел и кон еврејскиот народ“.
Го испровоциравте и Зуроф.

Сакаш ли да те носам на кафе со Видана?

Сакаш ли да те носам на кафе со Видана?
Или со Заев?
Или сама ќе му се јавиш на Зуров да му кажеш дека си се испокакала.
И дека лидерот ти е будала ако не е луд.
„Никогаш нема да дозволам никој да го обележи мојот народ како антисемитски народ.“
Убаво!
Но, тоа е парола и манифестација на одвратната политичка коректност што нè води во овие катастрофи.
Ако нема да кажеш дека ти нема да му дозволиш на Христијан Мицкоски да ги манипулира и злоупотребува овие пресериозни теми.
Тоа е.
Во крајна линија, ти можеш да бидеш член на вмро, или министер на листата на вмро, молам, но во тој случај немаш право да држиш морални лекции, полни ги шприцовите на нашите менгелчиња и уживај.
Тоа е друштво во кое холокаустот го разбираат како скршено шише со кое некому можат да му го унакажат лицето. Ако се и за тие „дострели“ на духот способни!? Размисли за овие работи.
Не е антисемитизам ако Моше не го пуштаат да игра во Барселона. Ако човекот не знае да игра. Но, ако е добар играч, а не го пуштаат, може и да има нешто антисемитско во тоа. Но, твојот случај, дир Рашела, е случајот на Моше кој е труп и игра, а неговите родители и пријатели ја обвинуваат Барселона за антисемитизам.
И не само Барселона, туку и цела Каталoнија.
Ај Шпанија да ја оставиме.
Од историски и од актуелни причини.
„Убиќу се, неќу знати
Дал’ ќеш за мном
Заплакати
Јоооооојјјјј!!!!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот