Како Коби ги мотивирал соиграчите: Клошари некои од вас утре ќе бидат разменети

Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, а сега член на Пекинг, Џереми Лин, раскажа анегдота по која засекогаш ќе го памети Коби Брајант.

Коби Брајант имаше глад за победа и менталитет со кој можеше да се мери единствено Мајкл Џордан, нивната желба за победување беше неверојатна и редовно ги тераше на секој тренинг или натпревар да го даваат максимумот, а истото го бараа и од своите соиграчи. Брајант бараше максимално залагање од соиграчите дури и кога беше повреден.

Во 2015 година Лејкерси сезоната ја завршија со скор од 21 победа и дури 61 пораз што е прв пат тимот на Брајат да забележи повеќе од 60 порази во една сезона.

Голем удел во катастрофалната сезона има и самиот Брајант бидејќи во јануари 2015 година се повреди. Но, наредниот месец одлучи да ги „мотивира“ своите соиграчи и тоа пред истекот на рокот за размени и во моментот кога тимот имаше скор од 13 победи и 34 порази, тој го посети тренингот на неговите соиграчи.

– Коби го немавме видено неколку недели, и оддеднат еве го во салата и тоа точно на еден ден пред истекот на рокот за размени. Коби беше мртов сериозен, дојде и рече: Сакав само да се простам бидејќи некои од вас клошари утре ќе бидете разменети. Потоа седна со тренери, разговараше со нив и си замина – раскажува Лин.

Џереми Лин ја одигра целата сезона во дресот на ЛА Лејкерс и просечно постигнуваше по 11.2 поени по натпревар, додека Брајант во наредната сезона замина во пензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот