Како Клоп ги мотивира своите фудбалери

EPA-EFE/PETER POWELL

Екипата на Ливерпул вечерва против Челси игра во Европскиот Супер куп, а еден од најстандардните фудбалери на европскиот шампион, Џорџино Вајналдум објасни што се прави Клоп за своите фудбалери.

Честопати многу фудбалери кои биле тренирани од Клоп го посочуваат како невероијатно позитивен и харизматичен тренер и се однесува родителски кон фудбалерите.

Постојано со шеги се обидува да го намали притисокот врз фудбалерите, а една од најоригиналните работи ја направи пред финалето од ЛШ со Реал Мадрид во 2018 година.

– Клоп влезе во соблекувалната со кошула вовлечена во боксерките „ЦР7“ и сите почнавме да се смееме. Така го проби ледот, обично во толку важни моменти сите се сериозни, но Клоп беше опуштен и одлучи да се пошегува за да го намали притисикот. Кога ќе види фудбалерот дека неговиот тренер е полн со самодоверба, тоа делува на тимот, Клоп се однесува како татко со нас – вели Вајналдум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот