Како Клоп ги мотивира фудбалерите

EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е омилен кај навивачите, а по вчерашната победа, воедно и елиминација на Барселона, популарноста му е највисоко ниво. Клоп не се жалеше што против Барселона нема да му играат двајцата клучни фудбалери, Мохамед Салах и Роберто Фирмињо, туку пронајде начин како да ги мотивира останатите играчи.

Дефанзивецот на „црвените“, Дејан Ловрен, на новинарите им откри што менаџерот им кажал пред стартот на натпреварот со Барселона.

„Момци, верувајте. Вметнете во глава дека можеме да победиме. Еден или два гола, доколку не постигнеме гол во првите 15 или 20 минути, верувајте дека тоа ќе биде во 65, 66. или 67. минута. Го имаме „Енфилд“ со нас, верувајте ми момци, можеме ги направиме тоа. Го сторивме тоа против Дортмунд, можеме и сега. Само излезете и „растурете ги“ вечерва“, го раскажа Ловрен, говорот на својот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот