Како ќе го реши Џонсон проблемот со недостатокот на гориво?

Борис Џонсон, Британија има проблем со недостаток на гориво/ Фото EPA

Велика Британија веќе неколку дена се справува со недостатокот на бензин во земјата. Премиерот Борис Џонсон е под притисок од јавноста, кои бараат од него да се справи со проблемот. Џонсон денеска соопшти дека со министрите ќе разговара околу вклучувањето на војската во справувањето со проблемот.

Стотици војници би можеле да се обидат да достават гориво на бензинските пумпи низ целата земја, пренесува Гардијан.

Премиерот Џонсон ќе ги собере високите членови на кабинетот за да ја испитаат „Операцијата Ескалин“, откако БП призна дека една третина од нејзините бензински пумпи снемале две главни горива, додека Асоцијацијата на малопродажба (ПРА), која претставува речиси 5.500 независни продажни места, велат дека 50% до 90% од нејзините членови пријавиле дека снемуваат бензин. Се предвидува дека наскоро ќе следат и останатите.

Се празнат маркетите

Случувањата доведоа до зголемен страв дека Велика Британија би можела да влезе во нова „зима на незадоволство“, покрај предупредувањата дека полиците во маркетите може да бидат попразни од вообичаено во пресрет на католичкиот Божиќ.

Во обид да се спречи понатамошното продлабочување на кризата, министрите, вклучително и деловниот секретар Кваси Квартенг, секретарот за транспорт Грант Шапс и секретарката за внатрешни работи Прити Пател, вчера се собраа на среднопладневен состанок, за да разговараат за опциите – вклучително и операцијата „Ескалин“.

Замислено пред неколку години за време на планирањето на Брегзит без договор, тоа би значело стотици војници да бидат повикани да пренесуваат резервна флота од 80 танкери. Разбирливо е дека ќе бидат потребни до три недели за целосно спроведување, бидејќи некои од мобилизираните можеби веќе се на други распоредувања, а други би можеле да бидат резервисти. „Ескалин“ беше наведена како опција минатата недела, но владини извори ја минимизираа шансата за нејзино активирање.

Проблемите на Британија продолжуваат, а граѓаните сега ги чувствуваат последиците на Брегзитот.

Недостиг на гориво, затворени бензински: Како Британија дојде до ваков проблем?

Видео на денот