Како Кинезите со шифрирани пораки ја избегнуваат интернет-цензурата за коронавирусот

Фото: Профимедиа

Наводно, Кинезите ја нарекуваат епидемијата „Чернобил“, а кога сакаат да зборуваат за Си Џинпинг, го користат името на американскиот претседател Доналд Трамп.

Граѓаните на Кина наоѓаат најразлични начини на социјалните мрежи за да ја критикуваат владата и претседателот Си Џинпинг поради новиот смртоносен коронавирус кој се шири низ целата планета.

Вирусот, со официјално име „2019-nCoV“, првпат е откриен во градот Вухан во провинцијата Хубеи, во која живеат 11 милиони луѓе. Досега, речиси 3.000 луѓе се заразени ширум светот, а вчера попладне беа потврдени и 106 смртни случаи кои се забележани во Кина, пренесе „Дејли меил“.

Кинеската влада има строга контрола над медиумите и интернетот и често ги цензурира критиките, но граѓаните најдоа инвентивен начин да ја избегнат цензурата. Наводно, Кинезите ја нарекуваат епидемијата „Чернобил“, а кога сакаат да зборуваат за Си Џинпинг, го користат името на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кога епидемијата се појави во декември 2019 година, властите, според „Дејли меил“, ја навеле јавноста да поверува дека истата е „под контрола“ и „умерена“, како со случајот на избивањето на САРС-от во 2002 година.

За речиси неколку недели официјалните лица открија дека вирусот се шири многу брзо и дека ситуацијата е далеку од „умерена“. Сепак, владата не прекинала со обидите да ги контролира објавите дека има криза. Држваните медиуми како Кинеската глобална телевизија објави снимка со драматична музика во која ја пофали храброста на лекарите и медицинските сестри кои се грижат за заболените. Неколку официјални објави на социјалните мрежи со ажурирани информации за епдемијата беа избришани, пишуваат британските медиуми.

Тоа ги принуди Кинезите да изнајдат креативни начини за да го изразат своето незадоволство. Сјао Кјанг, истражувач на универзитетот од Калифорнија и основач на порталот „Чајна дигитал тајмс“, рече дека граѓаните во земјата се фрустрирани поради недостатокот на транспарентноста на владата.

– Кинеските социјални мрежи се полни со бес, и покрај силната цензура. Можно е и понатаму цензурата да расте, во рамки на напорите на властите да ги контролираат разговорите – вели тој.

Со зголемувањето на бројот на заразени, Си едвај се огласи пред јавноста околу кризата. Корисниците на „Веибо“ – кинескиот еквивалент на Твитер – започнаа да поставуваат прашања: „Каде е таа личност?“, избегнувајќи да го именуваат претседателот поради силната цензура. Но, дури и таквите „суптилни“ коментари исчезнаа, па корисниците започнаа да го менуваат името на Си со она на Трамп.

– Не сакам веќе да живеам ниту една минута оваа година, срцето ми е полно со болка, се надевам дека „Трамп“ ќе умре – наведе еден корисник.

Во други објави луѓето започнаа да ја споредуваат епидемијата со Чернобил, нуклеарната несреќа која се случи во 1986 година во Украина, која тогашната советска влада се обиде да ја заташка.

– Во било кое време, било која земја, сѐ е исто. Сѐ да се заташка – наведе еден корисник на „Веибо“.

Освен во Кина и САД, потврдени се случаи на заразата во Австралија, Камбоџа, Канада, Франција, Хонгконг, Јапонија, Макао, Малезија, Непал, Германија, Сингапур, Јужна Кореја, Шри Ланка, Тајван, Тајланд и Виетнам. Постојат соменија дека има заразени и во Мексико, Колумбија, Велика Британија и на Филипините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот