Како Ким Јонг Ун успеа да ги набави своите „мерцедеси“? 

Фото: Profimedia

На 14 јуни 2018 година, две блиндирани возила Mercedes-Maybach S600 Guard беа испорачани од холандското пристаниште Ротердам, тргнувајќи на пат кој ќе трае со месеци и автомобилите ќе бидат превезувани илјадници километри низ шест земји, според новиот извештај од Центарот за напредни одбранбени студии со седиште во Вашингтон (C4ADS).

По запирањата во Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Русија, се верува дека двата автомобила – секој во вредност од околу 500.000 долари – се превезувале до нивната последна дестинација, Пјонгјанг. И во главниот град на Северна Кореја, има само еден клиент кој најверојатно ги бара овие возила.

Потеклото и патувањето на двете луксузни возила на „мерцедес“ беа изложени во извештајот на C4ADS. CNN не самостојно го верификуваше извештајот на C4ADS.

Санкциите усвоени од страна на Обединетите нации како казна за развојот на нуклеарното оружје на Пјонгјанг треба да им забранат на компаниите и поединците да продаваат луксузни стоки во Северна Кореја.

C4ADS покажа дека Северна Кореја увезла луксузна стока во вредност од 191 милион долари во периодот од 2015 до 2017 година, од „дури 90 земји“ при што се прекршени санкциите на Обединетите нации. Дефинитивните бројки тешко можат да се одредат, бидејќи не постои заедничка дефиниција за тоа што претставува „луксузна стока“ и поради тајниот начин на кој Северна Кореја ги увезува таквите предмети.

Меѓутоа, Mercedes-Maybach S600 е несомнено луксузен. Тој е опремен со кожни седишта со масажери и оклоп за да ги заштити патниците од куршуми и од експлозивни направи.

Ким најчесто се гледа дека се вози во она што се верува дека е оклопна лимузина на Mercedes-Maybach Pullman Guard, кој чини над еден милион долари. Се верува дека тоа беше возилото покрај кое трчаше неговата придружба за време на неговиот прв самит со јужнокорејскиот претседател Мун Џае – минатата година.

Ким беше забележан и со „ролс-ројс“ во текот на минатата година.

Од „Даимлер“, компанија која е сопственик на „мерцедес“, велат за CNN дека „немаат индикации за тоа како биле испорачани наведените возила и од каде доаѓаат“.

– Нашата компанија нема деловни врски со Северна Кореја веќе повеќе од 15 години и строго го почитува ембаргото на ЕУ и САД. За да се спречат испораките во Северна Кореја и во која било од нејзините амбасади во светот, „Даимлер“ спроведе сеопфатен процес за контрола на извозот, за кој сметаме дека е соодветен и ефективен и која ги исполнува сите барања на органите за контрола на извозот“, се вели во соопштението на компанијата за CNN.

– Продажбата на возила од трети лица, особено на користени возила, е над нашата контрола и одговорност. Ние секогаш ги испитуваме возилата прикажани на фотографиите во медиумите темелно, но без идентификациските броеви на возилото невозможно е да се најде конкретна трага – велат од германскиот автомобилски гигант.

C4ADS заклучи дека Северна Кореја одржува сложена серија на шеми што постојано ги развива, со цел да се добијат луксузни стоки, како што се автомобилите на Ким, за да се надминат глобалните извозни контроли. Извештајот заклучи дека Пјонгјанг има увезено 803 луксузни возила од 2015 до 2017 година, но повеќето со потекло од руски компании.

Зошто главниот град на Северна Кореја е „совршен научно-фантастичен филм“?

– Не само што тие продолжуваат да ги користат техниките кои биле успешни во попречувањето на традиционалниот увоз, исто така тие видливо гледаат како ги следиме и развиваат многу пософистицирани техники за да продолжат да ги избегнуваат санкциите – рече Џејсон Артербурн коавтор на извештајот на C4ADS.

Лукас Куо, уште еден од коавторите на извештајот, изјави за CNN дека истрагата на C4ADS е со цел „да оцени кои се недостатоците во рамките на меѓународниот систем што овозможуваат оваа активност да продолжи“?

Осум месеци истрага

Куо рече дека на него и на коавторите на извештајот им биле потребни осум месеци да истражуваат како Ким успеал, наводно, да ги добие возилата на „мерцедес“. Тие ги имаат избришно царинските евиденции, податоците за превозот, сметките и другите документи со отворен код за да пронајдат како возилата се упатиле од Ротердам до Пјонгјанг.

– Мислиме дека изградивме доста пригоден случај да кажеме дека овие возила најверојатно биле поврзани со Северна Кореја – рече тој.

Куо и неговите коавтори заклучија дека двете возила „мерцедес“ го напуштиле Ротердам и заминале за Далиан, а потоа се упатиле кон Осака, Јапонија и кон Бусан, Јужна Кореја. Од Јужна Кореја, тие биле испорачани на брод наречен DN5505.

Тогаш патувањето станува мрачно. Кратко откако DN5505 ја напушти Јужна Кореја, преку својот систем AIS – начин да се лоцираат бродови на море – стои дека дестинацијата бил рускиот град Находка, каде што се проценува дека ќе пристигне на 5 октомври, според C4ADS.

Сепак, податоците од AIS за бродот престанаа да ги прикажуваат локациите од 1 до 19 октомври, според извештајот. Се претпоставува дека сигналите на AIS не се испраќаат кога бродовите се далеку на море, тие би можеле да бидат исклучени – тактика што ја користат бродовите што ги кршат законите за санкции, велат експертите.

Кога DN5505 се вратил назад, бродот бил забележан во близина на местото каде што првично исчезнал, според C4ADS, но овој пат се упатил во спротивна насока назад кон Пусан. На 2 ноември, бродот доставил документи за фактура до јужнокорејските царински власти на кои покажува дека бродот превезувал антрацитен јаглен, наводно, од Находка. Но, во Находка, „не постои евиденција“ за пристигнувањето на DN5505, велат C4ADS.

Од СNN ги контактирале органите на пристаништето Находка, но сепак не добиле одговор за бараниот извештај.

Назад во Русија, на 7 октомври – два дена по предвиденото време на пристигнување на DN5505 – три товарни авиони Ilyushin-76, управувани од државната компанија од Северна Кореја, наводно, патувале од Пјонгјанг до Владивосток. Оние авиони често се користат за транспорт на оклопни возила што ги користат елитите на Северна Кореја и ретко се забележани во Владивосток, соопшти C4ADS.

– Кога бил прашан за коментар, севернокорејскиот конзулат во Владивосток, наводно, не дал објаснување за непланираните летови на 7 октомври – се вели во извештајот на C4ADS.

– Не откривме директни докази дека се преклопуваат посетите на товарните авиони и DN5505 на рускиот Далечен Исток, меѓутоа, со оглед на големиот капацитет за товар на авионите и нивната улога во транспортот на оклопните лимузини на Ким Јонг Ун, можно е дека товарните авиони би можеле да ги натоварат двете возила – се вели во извештајот на C4ADS.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот