Како Кејт Мидлтон стана миленичка на кралското семејство?

Фотографија: Profimedia

Војвотката од Кембриџ мажена е со принцот Вилијам, кој е втор во линијата за британскиот трон. Многумина се прашуваат која е тајната што таа ужива благонаклоност од кралицата Елизабета и принцот Чарлс.

Instagram
Instagram


Кејт Мидлтон одамна доби еден вид одобрение за најблиска личност и придружничка на кралицата Елизабета. Според познавачите на состојбите во кралското семејство, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип се пресреќни што оваа жена е дел од нивното семејство. 

„Таа е скапоцен камен во британското кралско семејство, а тие се благодарни што ја имаат“, вели британската авторка Ингрид Сивард, која пред извесно време ја издаде книгата за војводата од Единбург, насловена „Вистинскиот принц Филип“, посветена на животот на 99-годишниот принц. 

Пристојна и убава

Сивард е главен уредник во магазинот „Мажести“ и од 1980 година ги следи случувањата во кралското семејство. Седумдесет и двегодишната авторка има напишано повеќе од 20 книги на оваа тема. За последното дело Ингрид зборувала со многу пријатели и други блиски личности на сопругот на кралицата.

EPA-EFE/Stephen Lock / i-Images / POOL


Мидлтон која е сопруга на внукот на кралицата, принцот Вилијам, беше прифатена од кралското семејство и низ годините разви посебно близок однос со неговата баба. Вилијам, кој е син на принцот Чарлс и принцезата Дијана, е втор во линијата за наследување на тронот.

„Таа е прекрасна, секогаш на фотографиите изгледа пристојно и убаво. А денес живееме во визуелен свет, поради што многу е важно да ја видите идната кралица во целата нејзина убавина. Исто така, таа напорно работи. Кејт донесе свежина во виндзорското семејство“, вели Ингрид.

Војвотката и војводата од Кембриџ се запознаа на Универзитетот Св. Ендру, каде што прво беа пријатели. Мидлтон од британските таблоиди доби еден необичен прекар „Waity Katie“ (Упорната Кејти), поради нејзиното упорно чекање Вилијам да ѝ предложи брак. По неколку подеми и падови, нивната врска конечно во 2011-та беше крунисана со брак, во кој двојката ги доби децата принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2). 

„Сигурно дека и таа има мани, но не ги покажува. А принцот Филип ја обожава. Таа е малку постаромодна девојка во споредба со Дајана или со Меган Маркл, нешто што тој многу го цени“, објаснува Ингрид Сивард за улогата на Кејт како членка на кралското семејство.

Profimedia

 

Жена карпа

Според објавите на кралскиот веб-портал, следни должности на Мидлтон се придружување на 94-годишната кралица во работни посети низ Британија и светот. Таа го посветува своето време за поддршка на многу добротворни организации и цели, особено оние што се посветени на раниот детски развој. Кејт соработува и со многу експерти за да се подигне свеста на јавноста за менталното здравје на децата и нивниот емотивен развој. Кејт постигна многу во подигнување на јавната свест за тоа како физичкото воспитание, престојот во природа и часовите по уметност влијаат врз подобрување на младите животи.

профимедиа

 

Како идна кралица и мајка на иден крал, од Кејт се очекува да биде сопруга полна со поддршка за сопругот, нежна мајка со нејзините деца, гласноговорник на добротворните организации, пристојна претставничка на кралското семејство, стил-инфлуенсерка, и сето тоа да го прави под будното око на јавноста. 

„Кејт е совршена придружничка на кралицата, бидејќи е смирена и стабилна, а тоа е она што најмногу ѝ треба. Таа е… карпа. Колку и да звучи како клише, но таа е жена што зад себе нема непристојна историја. Многу е смирена и рационална, а тоа е она што му треба на кралското семејство за да се чувствува сигурно“, вели Том Квин, автор на кралски биографии, и додава:

„Таа исто така прави нешто што е клуч на среќата додека си член на кралското семејство што ѝ да напишат весниците за тебе, никогаш не се жалиш и објаснуваш. А Кејт е многу добра во тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот