КАКО ЌЕ ОДГОВОРАТ САУДИЈЦИТЕ: Хутите се „пофалија“ со снимки од нападите кои ги спроведувале во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Јеменските бунтовници Хути објавија видео-снимки за нападот за кој тврдат дека го извеле на територијата на Саудиска Арабија, објави „Србија данас“.

Тие претходно изјавуваа дека зарбобиле илјада војници, вклучувајќи и припадници на саудиската војска. Нивниот портпарол вели дека воената операција во регионот Наџран на југот на Саудиска Арабија ја спроведуваат неколку месеци. Тој додава и дека најмалку 500 борци се убиени или ранети.

– Нашите специјални единици опколија голема бројка на војници на агресорот, кои паднаа во нашата заседа. Ние ги натеравме да паднат во таа заседа. Специјалните единици ги прекинаа нивните линии на снабдување од истокот и од западот. Потоа го стегавме обрачот од сите страни. И тоа се претвори во сеопшта офанзива – рече портпаролот Јахја Сари.

Тој додаде дека нивните сили извеле ракетни напади на неколку цели во Саудиска Арабија, во областите Наџран, Асир и Џизан, во рамки на воената акција „Божја помош“.

Саудиска Арабија се уште нема дадено одговор на тврдењата на бунтовниците.

Јеменскиот министер за надворешни работи го искористи обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации да ги нападне оние за кои тврди дека се одговорни за војната во неговата земја.

– Хутите ги поддржува Иран, главниот спонзор на тероризмот ширум светот. Иран ги користи ресурсите на својот народ за да може да води војна користејќи ги милициите кои се способни за најразлични облици на уништување и саботажа – истакна министерот Мухамед Ал-Хадрими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот