Како Кајли Џенер ги прекрши правилата на изолација и ја разлути јавноста (ФОТО)

инстаграм

Очигледно за Кајли Џенер правилата на изолација не важат и таа објавува слики онлајн секогаш кога ќе ги прекрши.

Ријалити ѕвездата започна со карантинот во нејзиниот дом во Лос Анџелес и прв пат го прекрши правилото на изолација, две недели откако дојде на сила забраната за движење во Калифорнија.

Фото: Инстаграм

Еве на кој начин Кајли ги прекрши правилата на изолација:

– Кајли на 2 април ги посети својата мајка Крис Џенер и сестра Ким Кардашијан во Калабасас. Таа исто така ја шминкаше својата сестра Ким за нејзиното онлајн гостување во шоуто на Џими Фалон и објави видео.

Фото: ТикТок

– На 14 април го посети домот на Крис Џенер во Палм Спрингс и направи тура, покажувајќи им ја куќата на нејзините фанови.

Фото: Инстаграм

– Ги помина Велигденските празници во новата куќа на Крис, заедно со својата ќерка Сторми и поранешно момче Тревис Скот.

– На 20 април беше забележана како ја посетува својата пријателка Стаси во нејзиниот дом во Холивуд.

Фото: Инстаграм

– Но, тоа што најмногу ја разлути јавноста е што во сред пандемија Кајли купи палата вредна 36,5 милиони долари и се пресели во Холмбај Хилс, Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот