Како ја изгубив невиноста: Исповед на 38 годишна девица!

Либи својата невиност ја чувствувала како товар кој морала да го носи со себе. Во 2018 година си ветила дека 2019 година ќе биде нејзина и дека доволно време била девица, дури 37 години. Таа се пријавила на онлајн дружење со потполно неочекувани резултати.

Либи била една од 4-те девици на 30-годишна восраст, кои во јуни оваа година ја споделија својата приказна со The Guardian. Нејзината исповед стана многу популарна поради големиот број на читатели кои признале дека својот сексуален живот го запознале во своите 30-ти.

Либи си ветила дека 2019 година ќе биде поинаква. Кога на почетокот од летото разговарала со The Guardian, признала дека ги променила антидепресивите кои ги пиела и се пријавила за онлајн дружење. Таа се чувствувала многу оптимистично околу иднината.

Стресот поради работата и семејството ја натерале Либи да го стави своето дружење на чекање. Кога дошол септември, таа почувствувала нервоза и напнатост поради својот 38-ми роденден.

„Не го ставив роденденот како рок, но сметав дека тој датум ќе биде значаен“

Доцна една вечер, Либи разговарала на телефонот со маж кој го запознала на мрежата. Брзо утврдиле дека не се романтично компатибилни, но станале многу блиски пријатели.

„Ме праша најотворедно дотогаш, како се чувствувам во врска со мојата задача и ми понуди тој да биде ТОЈ“, се присетила таа.

Следеле долги разговори за очекувањата, можностите и практичните работи.

„Моравме да бидеме потполно искрени, тоа беше нашето правило“, открила за The Guardian. Таа не кажала на никој за своите планови, дури ниту на своите најблиски пријатели, кои знаеле дека е девица. Сакала таа приказна да ја зачува за себе.

Тој посебен ден анксиозноста на Либи била огромна, но на крајот се претворила во нешто фантастично. Тоа случување го прославиле низ смеа и задоволство. Разговорот со пријателите наредното утро бил вистинско задоволство. Почувствувала огромно олеснување.

„Ми олесна што веќе никому никогаш нема да морам да кажам дека сум девица. Ја носев својата невиност како огромен товар и сега повеќе го немам“, раскажала Либи. Сето ова уште повеќе ги зближило неа и нејзиниот „пријател“.

Луѓето и велеле дека околу прашањето за сексот се дига огромна прашина, но за Либи губењето на нејзината невиност било значаен чекор во нејзиниот живот.

Либи е свесна дека има уште многу да научи и стекне повеќе самодоверба и искуство, но во врска со овој „предизвик“ се чувствува прекрасно. Таа се надева дека секоја наредна година ќе биде подобра од претходната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот