Како изгледал првиот телефонски разговор?

Александар Греам Бел
Александар Греам Бел / Фото: Принтскрин/Јутјуб

До подемот на интернетот, телефонот беше технологија која брзо се трансформира. Првиот успешен телефонски повик се случил на 10 март 1876 година, а го направил Александар Греам Бел.

„Г-дин Вотсон, дојдете овде, сакам да те видам”, гласеле првите зборови што некој ги проговорил на телефон, и тие биле дел од разговорот помеѓу Бел и неговиот асистент, кој бил во соседната соба.

Бел, како и неговиот татко пред него, го поминал најголемиот дел од својата кариера во проучувањето на човечкиот глас и говорот. Така, во одреден момент се заинтересирал за телефонски систем на далечина, кој во тоа време бил опишан како „вокален телеграф“, и врз основа на тоа го создал првиот телефон со инженерот Томас Ватсон.

Во јуни 1875 година, двајца научници биле принудени да пренесуваат гласовни вибрации од еден ресивер до друг, но зборовите биле непрепознатливи, иако било јасно дека тоа е човечки глас. До март 1876 година, системот направил доволно напредок, и Бел верувал дека е подготвен да пренесе разбирлив човечки глас, што се случило на 10 март.

Шест месеци по првиот успешен повик, Бел исто така го тестирал и првиот разговор на растојание што се одвивал помеѓу приемниците кои биле малку повеќе од три километри оддалечени едни од други.

Во тој момент, телефонската технологија сè уште била далеку од модерен комуникациски систем, но биле поставени првите стабилни темели, кои гледајќи од денешна инстанца ни овозможуваат многу повеќе од само слушање нечиј глас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот