Како изгледа Саманта Фокс денес: Најфотографираната жена во Велика Британија во 80-тите години

Instagram

Манекенката и пејачка Саманта Фокс која ја започна својата кариера на само 16 години за неколку дена ќе го прослави својот 55-ти роденден.

Фокс во 80-тите години од минатиот век беше најфотографираната жена во Велика Британија.

Во светот на славните, таа завршила сосема случајно – Саманта, всушност, сакала да биде полицајка, но била одбиена затоа што била премногу ниска. Потоа нејзината мајка ја пријавила на натпревар за модели и така почнало сè…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial)

Три години Фокс беше најпопуларниот и најпознат британски модел, но пред да наполни 20 години, таа решила да започне нова кариера како поп-ѕвезда.

Нејзиниот деби сингл „Touch Me (I Want Your Body)“ беше на прво место на топ листите во 17 земји, а нејзини песни три пати се најдоа во топ 10 на американските топ листи. Меѓу останатите успешни синглови на Саманта беа „Naughty Girls (Need Love Too Too)“ и „I Wanna Have Some Fun“.

И покрај големиот успех како модел и во светот на музиката, животот на ѕвездата од 80-тите години беше обележан и со бројни падови. Нејзиниот татко Патрик, кој воедно беше нејзин менаџер до 1991 година, ја оштетил за најмалку милион фунти. Саманта го тужеше, но во 1995 година успеа да врати само 363.000 фунти.

Поради опсесивните обожаватели, кои честопати ѝ го претворале животот во вистински кошмар, пејачката морала да плаќа телохранители од 18-годишна возраст. Еден обожавател се обидел да се самоубие пред нејзиниот стан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial)

Тој беше Французин, ми испраќаше писма во кои пишуваше дека сум негова сопруга, ми се закануваше дека ќе се убие ако не излезам и не разговарам со него… Имаше луди и хистерични моменти – луѓето сакаа да ми пријдат со сила, да ја допрат мојата коса… Кршеа прозорци и си го ризикуваа сопствениот живот, морав да побегнам со хеликоптер од покриви на зградите“, во една прилика изјави Фокс.

Иако по неа воздивнуваа мажи ширум светот, во 2003 година Саманта конечно јавно призна сепак жените повеќе ја привлекуваат. Таа беше во врска со нејзината менаџерка Мајра Стратон до 2015 година која за жал, почина од рак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samantha Fox (@samanthafoxofficial)

Фокс повторно пронајде љубов со Линда Олсен, со која се свршија минатата година, но поради пандемијата на коронавирусите, сè уште немаат одредено датум за венчавка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот