КАКО изгледа лицето на Бер Грилс откако го каснала пчела? (ФОТО)

Најпознатиот телевизиски авантурист, Бер Грилс, доби медицинска помош за време на снимање на Пацификот, откако го каснала пчела.

Четириесет и двегодишниот Грилс се нашол во смртна опасност и доживеал анафилактичен шок. Грилс инаку е алергичен на пчели. По убодот, Грилс се обидел да продолжи некое време со снимањето, но брзо станало јасно дека работите се посериозни отколку што првично мислел.

Медицинскиот персонал во екипата брзо сфатил дека Грилс е во животна опасност и му дале инекција Епипен. Авантуристот го снимал своето ново шоу, „Остров на богатство“.

Еден од натпреварувачите во шоуто, неурохирургот, Мано Шанмуганатан, изјави дека е изненаден од тоа колку Грилс почнал да отекува по убодот, пренесува Дејли Стар.

„Беше лудо“, рече натпреварувачот.

Ова не е првпат Бер да претрпи ваква повреда. За време на една епизода од Born Survivor во 2016 година, тој се обидел да украде мед од кошница во Баја, Калифорнија, и преживеал убоди по што почнал да отекува во лицето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот