Како изгледа комплескот во Дизниленд каде ќе се игра завршницата во НБА лигата (ФОТО+ВИДЕО)

Бордот на гувернери во НБА лигата денеска одлучи да се доигра сезоната во изменет формат поради пандемијата на коронавирусот.

Рестартот на лигата е закажан за 31 јули, а сите натпревари во скратениот формат од регуларниот дел од сезоната и од плеј-офот ќе се играат во Орландо, во грандиозниот компекс во „Дизни Ворлд“.

Натпреварувањето во НБА ќе го продолжат 22 од можните 30 екипи, и тоа 13 екипи од Западната конференција и девет од Источната.

Од Западната конференција во Орландо ќе играат: ЛА лејкерс, ЛА клиперс, Денвер, Јута, Оклахома, Хјустон, Далас, Мемфис, Портланд, Њу Орлеанс, Сакраменто, Сан Антонио и Феникс, додека од Источната конференција се екипите на Милвоки, Торонто, Бостон, Мајами, Индијана, Филаделфија, Бруклин, Орландо и Вашингтон.

Преостанатите осум екипи кои немаат ниту теоретски шанси за пласман во плеј-офот веќе ја завршија сезоната.

Комплексот во популарниот забавен парк Дизниленд, каде ќе се играат сите натпревари се вика „Дизни Волд“ и во него има дури пет терени за бејзбол, неколку фудбалски, десетина кошарскарски терени, атлетска патека и три кошаркарски сали каде и ќе се играат сите натпревари од оваа сезона во НБА лигата.

Според планот на НБА лигата, на два терени ќе се играат натпревари во исто време и ќе се играат по неколку натпревари на ден за време на регуларниот дел од сезоната.

За време на плеј-офот ќе има по 3-4 натпревари на ден, се до големото НБА финале кога ќе се игра по еден натпревар дневно.

Кошаркарите и целиот персонал на екипите секојдневно ќе се тестираат на коронавирус, а се подготвени и посебни протоколи доколку има позитивни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот