„Како имаш образ за такво нешто?“ Опра Винфри на удар поради тоа што го кажа по смртта на кралицата

Фото: Принтскрин/Јутјуб

По смртта на кралицата Елизабета Втора, Опра Винфри го коментираше односот помеѓу принцовите Вилијам и Хари. Водителката изјави дека се надева оти тие барем сега ќе ги поправат односите и дека Меган и Хари конечно ќе најдат мир во семејството.


„Мислам дека ситуацијата е слична во многу семејства. Знаете, мојот татко почина неодамна и кога сите се собравме на неговиот погреб, тоа на некои луѓе им даде можност да најдат мир кој долго време го немаа“, рече водителот, според магазинот „Пипл“.

Опра со својот коментар предизвика многу реакции на социјалните мрежи.


Имено, пролетта минатата година, Меган и Хари ѝ дадоа интервју на водителката во кое ги изнесоа своите ставови за семејните проблеми, ја обвинија палатата за расизам, а Меган во еден момент не можела ниту да ги задржи ниту солзите кои течеле по нејзиното лице.


„Опра, тоа не е твоја работа“, „Зарем Опра заборави дека таа го започна ова? Можеби посоодветно би било извинување“, „Опра, ако ти се грижеше за семејството, немаше да дадеш простор и платформа на која се „валка“ кралското семејство. По твоето интервју, гневот меѓу браќата само порасна“, „Тргни се од кралското семејство“, „Зарем навистина имаш образ да коментираш за тоа сега? А, ѝ даде простор на Меган да плука по кралицата “, се само дел од негативните коментари на Твитер.

Излезе трејлерот од интервјуто на принцот Хари и Меган со Опра Винфри

Што ќе се случи со интервјуто на Меган и Хари доколку состојбата на принцот Филип се влоши? Продуцентите на емисијата не дозволуваат одложување!

„Фамозното“ интервју на Опра со принцот Хари и Меган номинирано за „Еми“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот