Како Илон Маск го заработил првиот милион: Сега е вториот најбогат човек во светот, а на почетокот немал пари за кирија!

EPA-EFE
Илон Маск / Фото: EPA-EFE/MORGAN SETTE AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Кога почнал како млад претприемач, со помалку од 25 години, Илон Маск со братот Кимбал и пријателот Грег Кури ја основал „Zip2“ (1995), компанија на медиумски куќи им продавала онлајн планови со водичи и огласник.

Маск на почетокот не можел да си дозволи ни да изнајмува стан, па спиел во седиштето на компанијата, мала изнајмена канцеларија во Пало Алто во Калифорнија со еден компјутер.

Instagram
Instagram

Во основањето на компанијата вложиле 28.000 долари. Дел од парите ги позајмиле од својот татко, а дел ги добиле од луѓе кои верувале во нивната идеја.

Кон средината на 90-тите, интернетот допрва доживувал експанзија, а весниците се обидувале да најдат најдобар начин за искористување на интернетот. „Zip2“ набрзо ги придобил најголемите медиумски играчи за свои клиенти, вклучувајќи ги и „New York Times“ и „Chicago Tribune“.

Profimedia
Profimedia

Идејата наизглед била едноставна, Маск ја комбинирал бесплатната база на податоци на компанијата „Navteq“ која се занимавала со изработка на дигитални мапи, со деловната база на податоци на Пало Алто.

Instagram
Instagram

Веќе следната година во компанијата еден инвеститор вложил три милиони долари.

Потоа ја промениле и стратегијата за работење, па веќе не се продавале готови карти и водичи, туку систем со кој весниците можеле самите да создаваат свои карти било каде во Америка.
„Zip2“ станала клучна компанија во својата област, односно во „онлајн“ градските водичи, пишува порталот „BizLife“.

Instagram
Instagram

До 1998-ма година веќе имале 160 партнери меѓу новинските куќи. Веќе следната година Zip2 го купува „Compaq“ за 305 милиони долари, за да го искористи системот за подобрување на својот пребарувач „Alta Vista“. Самиот Маск од таа зделка добива 22 милиони долари, колку се проценува дека вреди за неговиот седум процентен удел. И тој станува милионер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот