Како Илина му се додворувала на Игор Џамбазов пред една година: А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?

Instagram
Фото: Инстаграм

Маестралниот Игор Џамбазов покрај тоа што е врвен актер и шоумен, се повеќе станува познат и како голем романтичар.

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, взаемната поддршка и позитивната енергија.

Овој пат Игор на својот инстаграм – профил сподели фотографија заедно со Илина по повод една година од нивната љубов, притоа откривајќи и како таа започнала и кој го направил првиот чекор.

Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“. Излеговме од „Ланусот“ и… ја гушнав. Гушката сè уште трае…, стои во романтичната објава на Игор по повод една година од нивната врска која ја прославија вчера (03.05).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот