Како играат 10. најскапи фудбалери од летниот преоден рок: Најевтиниот растура, а најскапите разочаруваат (ФОТО)

Фудбалските гиганти во желбата за освојување на трофеите или пак враќање на старите патеки, не штедат средства за засилувања во преодните рокови, но ниту тоа не е гаранција за успех. Во летниот преоден рок, гигантите потрошија дури 888.5 милиони евра за 10. најскапи фудбалери надевајќи се дека веднаш ќе се вратат на победничките патеки. Најскапите фудбалери се мачат да ги оправдаат вложените средства за нив и единствено оправдување е тоа што е потребно време за прилагодување.

twitter.com/atletienglish

Оваа фраза со прилагодувањето највеќе се однесува за Жоао Феликс. Младиот 20-годишен Португалец летово од Бенфика се пресели во Атлетико Мадрид за сума од 126 милиони евра. Во истиот момент започна да расте притисокот врз Феликс, но три гола и една асистенција на 11 натпревари се премалку за очекувањата на навивачите на Атлетико Мадрид. Повредата го спречи Феликс во последните два месеци да почне да ги оправдува вложените средства во него.

Најзвучно име во летниот преоден рок беше Антоан Гризман кој по две години кокетирање со Барселона, во летото конечно потпиша за каталонскиот тим и тоа за сума од 120 милиони евра. Засега Гризман е едно од најголемите разочарувања во Барселона, далеку е од игрите кои ги прикажуваше во Атлетико Мадрид и навивачите веќе го губат трпението за Французинот, додека управата е се погласна дека згрешила што го купи.

Прочитајте и...  Грен слем турнирот во Париз продолжува без Вилијамс!
twitter.com/fcbarcelona

Еден Азар е последниот фудбалер кој е платен повеќе од 100 милиони и тој засега е најголемо разочарување. Азар во дресот на Реал Мадрид постигна само еден гол на 11 натпревари и тоа против Гранада. Ова е мизерен учинок за фудбалер од неговата класа кој игра за најдобриот клуб на светот.

twitter.com/VamosHazardБелгиецот на подготовките се појави со зголемена тежина поради што мораше да биде ставен на диета, а за раѓањето на своето дете толку лумпуваше што мораше да го пропушти натпреварот со Мајорка. Во Лигата на шампионите исто така е мизерен и е далеку од игрите кои ги прикажуваше во дресот на Челси.

twitter.com/manutd

Хари Мегваер летово стана најскап дефанзивец откако Манчестер јунајтед за него искешира неверојатни 87 милиони евра. Но, Јунајтед на 12 натпревари во Премиер лигата само на два успеа да ја зачува сопствената мрежа, додека неговите игри не влеваат доверба кај фановите.

Прочитајте и...  Ролан Гарос: Вавринка ја запиша 150 грен слем победа!
фото:Twitter/Juventus

Во Италија, летово Јувентус го собори рекордот во Серија А, откако на Ајакс му искешира 85.5 милиони вера за Матијс де Лихт но честите грешки може многу да го чинат неговиот нов тим. Холанѓанецот има несреќа често да игра со рака во сопствениот казнен простор, а има проблем и да се навикне на системот на игра на Маурицио Сари.

Во Германија, Баерн Минхен летово плати рекордни за Бундес лигата 80 милиони евра за Лукас Ернандез кој требаше да ја консолидира одбраната на баварците. Но, честите повреди го одвоија од теренот и нема многу можности да ги оправда вложените пари.
Вистинско разочарување претставува и Николас Пепе кој сè уште се бара во Арсенал.

Прочитајте и...  Тони Надал: За Федерер секогаш имавме план, против Новак не знавме што да очекуваме

Засега преодна оценка добива Френки де Јонг за кого Барселона плати 75 милиони евра. Младиот Холанѓанец е на добар пат да биде вистински наследник на легендарните Чави и Иниеста, веќе е стандарден член на првиот тим на Барселона и иако има проблеми со адаптирањето на стилот на игра, одлично си ги завршува своите задачи.

Идентично е и со Родриго Ернандез Родри во Манчестер сити. Родри е вистинскиот двигател на играта на „граѓаните“ и иако неговиот учинок не е наметлив, тој идеално се вклопи во системот на игра на Пеп Гвардиола.

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Дека парите не носат инстант резултати, најдобро се гледа по примерот на Ромелу Лукаку. Лукаку е двојно поевтин од најскапото летно засилување, Жоао Феликс, но Белгиецот во дресот на Интер растура. Лукаку даде девет гола во првите 12. кола од Серија А и покажа дека не залудно тренерот Антонио Конте со месеци инсистираше за негов ангажман.

Прочитај повеќе

Драма на Ролан Гарос, Бертенс заврши во количка, противничката и порача е*и се

Слободен печат

Ролан Гарос: Надал супериорно во третото коло

Слободен печат

Елмас и Пандев ќе играат против Косово, нивните тестови на корона се негативни

Слободен печат

Романски третолигаш доби нов стадион вреден 100 милиони евра (ФОТО)

Слободен печат

„Кралевите“ и натаму ќе напаѓаат без Азар!

Слободен печат

Ролан Гарос: Вавринка ја запиша 150 грен слем победа!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Џенова потврди 14 случаи на коронавирус, нема нов прекин на Серија А!

Слободен печат

Димитријевиќ: Верувам дека можам да бидам лидер на репрезентацијата!

Слободен печат

Ждреб, Лига Европа: Еурофарм Пелистер во третиот, а Металург во шестиот шешир

Слободен печат

Грен слем турнирот во Париз продолжува без Вилијамс!

Слободен печат

„Балони“ и во АБА-2 лигата: Промени во календарот на МЗТ и Работнички!?

Слободен печат

Алаба за уште посилна одбрана на „граѓаните“!?

Слободен печат