Како и кога се раѓа самодовербата?

Самодовербата на детето се раѓа уште во матката на мајката. Според најновите британски истражувања, секое дете си ја „одбира“ својата мајка по сигнален пат од „вселенската корпа“. Енграмите што се создаваат во мозокот, уште во утерусот, го формираат понатамошниот емоционален, интелектуален, моторен и социјален развој на детето.

Самодовербата е во тесна врска со односите во семејната клима и детето и надворешната средина, и обратно. Самодовербата продолжува да се гради уште во најраното детство, кога се формира индивидуалноста на личноста на детето и себеспознавањето. Постојат неколку услови поврзани за јакнење на самодовербата кај детето – позитивно прифаќање на детето како индивидуа за себе во рамки на семејството, пружената грижа, заштитата, слободата и љубовта.

Односите кои владеат во семејството, како хиперпротективност или отфрлање, може да доведат во значајна мера на нарушена рамнотежа во самоприфаќањето на детето како субјект за себе. Затоа, треба да го охрабрите вашето дете отворено да го искаже она што го мисли и чувствува. Понатаму, родителите треба да ги следат нормалните развојни фази на детето, позитивните страни да ги поттикнуваат и освестат, а негативните да се игнорираат, но не и да се казнат, особено не физички. Родителот треба да претставува позитивен модел за идентификација, а не да претставува модел на проекција на своите сопствени желби и забрани.

Целта е детето да доживее самодоверба и слобода и да стане свесно за задоволството на тоа што го има, а не да трча по она што го нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот