Како годишното време влијае на породилната тежина на бебето?

Фото: Профимедиа

Постојат многу фактори кои би можеле да влијаат на породилната тежина на бебето, а според новите истражувања, времето и температурата би можеле да бидат меѓу нив.

Според најновото истражување, необично топлото или ладно време во текот на второто или третото тромесечје, може да влијае на тежината на бебето, односно на пониската породилна тежина, дури и ако бебето не е родено предвреме.

Научниците од Националниот институт за здравје прегледале информации за 220.000 бебиња родени во 19 американски болници и дошле до изненадувачко откритие.

Жените кои биле изложени на невообичаено ладно време во текот на второто или третото тромесечје, имале 18-21 процент поголеми шанси да родат бебе со ниска породилна тежина.

Од друга страна, жените кои биле изложени на високи температури во текот на третото тримесечје, икмале 31 процент поголеми шанси да родат бебе со помала тежина, а за оние кои биле изложени на изразено високи температури, тој ризик бил поголем за 249 проценти.

Овие резултати од истражување објавено во списанието „Environmental Research“ се по малку неочекувани, а научниците не се сосема сигурни зошто би постоела ваква врска.

Сепак, секогаш е добро да се потсетат бремените жени да избегнуваат престојување на изразено високи или ниски температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот