КАКО ГО ЗАПОЗНАВ ПАРТНЕРОТ: Пејачката Сани откри дека сопругот Мартин го запознала во кафеана (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Во рубриката „Како го запознав партнерот“ – денеска ја имаме познатата фолк-пејачка Сања Гроздановска или на јавноста позната како Сани.

Таа со нашите читатели реши да ја сподели приказната околу тоа како се запознала со својот сегашен сопруг, Мартин Гроздановски.

 

View this post on Instagram

 

#svadbarska #familijarna #švalerska #sakadagoubijam #mazmitetoviraniot #budalamoja

A post shared by Sanja Sany (@sani.grozdanovskasanja) on


– Како да им објаснам на сите дека понекогаш не е интересно толку транспарентно јавноста да добива секакви информации за мојот приватен живот. Мојот сопруг е идеална комбинација за предизвик. Него го запознав на една добра свирка… хаххаа на мојот настап во една скопска кафеана. А за запознавањето можам да кажам дека сеуште ни трае. Ние секојдневно си откриваме нови улоги што ни ги наметнува животот и обврските. Идеалност не постои. Затоа бајките се приказни за мали деца. Ајде да уживаме во времето и да оставиме целата јавност да ужива во она што јас го работам. А сопругот ? Тој е моја обврска и така нека остане – ни изјави познатата пејачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот