КАКО ГО ЗАПОЗНАВ ПАРТНЕРОТ: Антониа Гиговска откри како се „ќариле“ со момчето Иван (ФОТО)

Ако треба да го избереме највљубениот пар на македонската музичка естрада без двоумење ќе кажеме – Антониа Гиговска и Иван Јованов, фронтменот од групата „Либеро“.

Парот воопшто не ја крие нивната љубов, а најмногу за тоа сведочат и заедничките фотографии кои тие ги објавуваат на социјалните мрежи.

Вљубените гулапчиња речиси секое слободно време го користат да го поминат заедно, а најчесто можете да ги забележите по скопските кафулиња и ресторани…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

Ја прашавме токму Антониа да ни раскаже за нивното запознавање, еве што вели таа:

– Па, по колегијална линија сигурно се знаевме и пред тоа, ама запознавање како што треба имавме на свадба каде што јас ја пеев првата песна за младите, а Иван заедно со неговиот бенд беа задолжени за музичкиот дел. Оттаму почна сè. Погледи, разговори и слично. Уште кога го видов, кога прозборевме и кога ме погледна во очи знаев дека сме еден за друг. Нема човек како него којшто може да ме разбере без да прозборам ниту ден збор – вели Гиговска за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот