КАКО ГИ МИНАВТЕ ПОСЛЕДНИТЕ 40 МИНУТИ? Еве неколку совети како подобро да управувате со времето на работа
Наједноставниот одговор е да се обидете да ги избегнувате, по секоја цена, ситуациите во кои само губите време.
Образовниот консултант Вејн К. Џонсон препорачува да се запрашаме – Како сме ги минале последните 40 минути? Дали сме биле продуктивни? Дали корисно го имаме потрошено нашето драгоцено време? Ја вреднуваме ли секоја минута на вистински начин…
Овој професор од Универзитетот во Бостон, откри еден многу интересен трик кој помага при управувањето со времето.
– Наједноставниот одоговор е да се обидете да ги избегнувате, по секоја цена, ситуациите во кои само губите време – истакнува Џонсон.
– Доколку закажам деловен состанок со неколку колеги, што не се случува толку често, се трудам да не трае долго, туку околу половина час. Искрено верувам дека доколку добро се подготвите или не сте неодлучни, малкумина се оние кои бараат повеќе од 30 минути. Неверојатно е колку време, па и пари, луѓето трошат за да би одржале долги и неефикасни состаноци – додава професорот.
– Нормално, тоа не значи дека и на мене не ми се случуваат непланирани работи. Но поради тоа што најголемиот дел од работата добро и реалистично ги планирам, останува и малку време за „попуст“, па така ситните неправилности не исфрлаат од такт. Доколку се случи нешто покрупно, ги отстранувам другите обврски и одам понатаму – нагласува Џонсон.