Како држава сме спремни и за мечеви од висок ризик!

Фото: ФФМ

Од ФФМ се заблагодаруваат што во толкав број покажаа навивачите како се сака и се бодри нашата репрезентација со срце, и во победите, но и во поразите.

– Искрена благодарност и до сите служби кои беа вклучени во беспрекорната организација на натпреварите. Особена благодарност до Министерството за Внатрешни работи и службите на Националната Арена Тодор Проески. Сите оценки од страна на УЕФА укажуваат на тоа дека ние како држава сме подготвени на највисоко ниво да организираме натпревари оценети како висок ризик, и со тоа да бидеме пример за останатите земји и федерации во регионот и во Европа – велат од ФФМ.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Потсетување дека во овие два дуели во Скопје, поризичен беше оној против Полска минатиот петок кога нивните навивачи меѓусебно физички се пресметуваа во главниот град.

Исто така полни раце работа имаше и Министерството за внатрешни работи, имаше парични казни за 223 полски приведени навивачи.

Од ФФМ воедно се надеваат дека и во иднина ќе ја имаат поддршката од навивачите и од службите кои беа дел од тимот на организација на натпреварите, дека ќе се покаже сплотеност на теренот, но и надвор од него – обединети во радоста која ја носи фудбалот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот