Како до совршено тесто за пица?

Од почетници до умешни готвачи, едногласно е мислењето дека тестото (подлогата) на пицата е најважниот дел од правење на овој италијански деликатес. Крцкава, кружна или невообичаена форма, богат вкус и по домашен рецепт, како до совршеното тесто за ова омилено јадење?

Постојат неколку чекори, одлични за почетници, лесни за паметење и изведување, за тестото на пицата да биде идеално, а вкусот уште подобар.

Нашиот познат готвач, сензација на социјалните медиуми и големиот мајстор зад вкусните деликатеси, Филип Поповски, одвои време да сподели што за него значи совршено тесто за пица и како истото најдобро се постигнува во домашната кујна.

„За мене, совршеното тесто за пица секогаш е тоа што е направено со многу љубов, вешти раце и желба за интерактивно и забавно време поминато со најблиските, затоа што токму ова го овозможува правењето пица дома. Го преферирам тенкото, крцакво тесто кое дава предност на вкусовите на продуктите кои ќе ги ставите одозгора, а воедно е незаменлива основа на целосното уживање. Најважно од сè е да одберете квалитетно брашно. Брашно кое лесно се замесува, уште подобро се растегнува, не се лепи или кине, па така нема потреба од нервоза J. Моите желби беа исполнети кога Жито Лукс го лансираше брашното за пица на нашиот пазар, па сега ова наменско брашно ми е go-to производ за сите домашни печива, меѓу кои и италијанскиот евергрин – пицата.“

Сите теста за пица започнуваат со истите основни состојки: брашно, квасец, вода, сол и масло. Крцкаво на краеви, меко во средината, со кора или без, тоа е резултат на подготовката и желбите, но вкусот на тестото, односно и на самата пица најмногу зависи од брашното. Она што се подразбира, но секако е вредно за спомнување е дека основните состојки мора да се висококвалитетни, од проверен производител, со цел да се постигне лесно замесување и растегнување, да не се лепи по површината на садот и да не се кине за да има една целосна форма и мирис на Италија во вашата кујна.

За совршено вкусна пица Жито Лукс создаде брашно за пица. Брашното за пица е наменето за подготовка на ферментирано тесто, меко е, лесно се замесува, одлично се растегнува и не се кине, а пицата и печивата направени со него се вредни за паметење. Со овие специфични карактеристики брашното е посебно погодно за домашна подготовка на пица и производи од ферментирано тесто: фокача, фурнарини и слични печива.

Бидејќи во целата подготовка на тестото, брашното е токму таа состојка која ги соединува сите останати, несомнено е дека изборот на истото треба да е беспрекорен и квалитетен. Брашното за пица од Жито Лукс е единственото вакво брашно на пазарот и е направено од најквалитетни состојки според знаењето пица мајсторите.


Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот