Како до рамен стомак без вежбање

Наслагите на стомакот е најлесно да се добијат, а најтешко да се отстранат.

Ако не сакате диети и интензивна физичка активност, ќе ви помогнат и малите промени кои ќе ги воведете во исхраната. Ви откриваме пет видови на храна со која ќе го „испеглате” стомакот, без да поминувате со часови во теретана правејќи стомачни вежби.

Овесни снегулки

Тие се богати со растителни влакна и создаваат чувство на ситост, па затоа, по овој оброк со овес, следниот – ќе јадете помалку зашто ќе бидете подолго сити.

Јогурт

Тој е одлично решение за луѓето кои ги мачи подуеноста затоа што го забрзува метаболизмот. Изберете јогурт со помал процент на масти.

Авокадо

Авокадото е богато со здрави незаситени масти. Создава чувство на ситост, не дебелее, а помага да се намалат мастите во пределот на стомакот.

Краставица

Го стимулира протерувањето на течностите од телото. Бидејќи кората содржи состојки кои го забрзуваат метаболизмот, најдобро е добро да ги измиете краставиците и да ги јадете со луспа.

Зелен чај

Тој е одличен за целокупното здравје. Зелениот чај е благ диуретик и помага во регулирање на шеќерот во крвта.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот