Како до полни трибини: Пред секој меч за навивачите 22.000 бесплатни тестови!

принтскрин

Искуството покажува дека одржувањето физичко растојание меѓу навивачите не функционира.

Во Унион Берлин (Германија) имаат намера да играат пред полни трибини следната сезона, дури и доколку треба да им ги платат тестовите на коронавирус на навивачите.

Раководството на клубот соопшти дека пред секој меч ќе понудат 22.012 бесплатни тестови. Од купувачите на билетите ќе се бара да покажат резултат од тестот стар до 24 часа на влезот на стадионот. Се разбира, вратите ќе им бидат отворени само за оние со негативен тест за Ковид-19.

Искуството покажува дека одржувањето физичко растојание меѓу навивачите не функционира. Доколку на навивачите не им е дозволено да пеат и скандираат, тогаш тоа не е атмосферата на стадионот на Унион – рече Дирк Зинглер, претседател на берлинскиот клуб.

Сопственик на Унион Берлин се навивачите. Нивниот збор е клучен во политиката на клубот, па дури и во одлуката повторно да биде полн стадионот следната сезона.

Планот е организациски огромен и економски тежок предизвик. Клубот ќе мора да ги сноси сите трошоци. Подготвени се да работат напорно, затоа што сакаат да спречат кој било да се зарази на нивниот стадион.

twitter/Just Football

Во Унион дури размислуваат за воведување на „навивачки пасоши“. Постои план за поврзување на ковид-лабораторија со апликации на мобилните телефони. Клубот планира да користи таква комбинација за пополнување на трибините. Сопственикот на „навивачкиот пасош“ само со негативниот резултат ќе може да присуствува на натпреварот.

За реализација на планот, треба да реагира и градската власт во Берлин за да ја укине забраната за собирање на повеќе од 1.000 луѓе на јавни собири.

Забраната е на сила до 31 август. Следната сезона во Бундеслигата ќе започне на 18 септември, што значи дека Унион би имал доволно време да го комплетира амбициозниот план за пополнување на стадионот со навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот