Како до моја е-продавница?

Man holding tablet pc and credit card at the table, shopping online.,Image: 584125336, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Uladzislau Salikau / Panthermedia / Profimedia

Минатата година беше преполна со промени. Многу од компаниите се приспособуваа на новите начини на продажба, со цел да ги задржат купувачите. Со моќта на дигиталната технологија, некои трендови се искачија на врвот во 2020-та бидејќи пандемијата постави такви правила на игра. Иновацијата беше неизбежна, a промените што го потресуваат економскиот пазар се уште една причина да се размисли каква ќе биде иднината на плаќањето.

Во оваа дигитална ера, традиционалните начини на плаќања, но и на водењето бизнис, се менуваат.

Компаниите сѐ почесто бараат начин преку кој ќе може да им ги понудат своите производи и услуги преку онлајн платформи на своите клиенти. Од друга страна, и потрошувачите сѐ почесто пребаруваат онлајн продавници и сервиси за задоволување на своите редовни потреби.

Во нашата држава е-трговијата бележи особен раст токму поради овие причини.

Оние бизниси што се заинтересирани да преминат во дигитално пласирање и продажба на своите производи или услуги, потребно е да ги знаат следниве чекори, кои ќе можат да им го овозможат тоа:

  1. Изработка на соодветен бизнис-план, кој ќе има за цел да ја прикаже дејноста, целите и начинот на кој ќе ја врши својата дејност преку интернет
  2. Изработка на своја веб-страница, која поддржува и продажба преку виртуелен ПОС терминал
  3. Анализирање на банкарските понуди за е-комерц поддршка
  4. Избирање на најсоодветната платформа која ќe ја поддржи веб-страницата за продажба преку ВПОС-терминал – погледнете ги следните тестимонијали за успешно имплементирани платформи: https://www.youtube.com/watch?v=ehvlI3-GRHs, https://www.youtube.com/watch?v=JW8wIb0B6O8, https://www.youtube.com/watch?v=oGqv4f_NcdA
  5. Дефинирање начин на достава на производот/услугата до клиентот
  6. Подготовка на соодветна маркетинг-стратегија за промовирање преку дигиталните канали

Со отпочнување на е-бизнисот, компанијата не само што ќе се доближи до своите корисници и ќе ги опслужи на полесен начин, туку и ќе има поголем потенцијал за заработка преку 24/7 достапноста, намалените оперативни трошоци и зголемениот досег до поголема популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот