Како до БЕСПРЕКОРНА ШМИНКА и на летни температури - Слободен печат
ЕспресоУбавина

Како до БЕСПРЕКОРНА ШМИНКА и на летни температури

Постојат трикови со кои шминката ќе остане на вашето лице дури и при температури од над 40 степени Целзиусови.

Најчесто високите температури и шминката на лицето не одат едни со други, но некогаш ситуацијата е таква што од вас бара да нанесете шминка на лицето.

Но, не треба да се грижите. Постојат трикови со кои шминката ќе остане на вашето лице дури и при температури од над 40 степени Целзиусови.

Она што ви е најнеопходно е хидратантна крема за лице, како и препарат со заштитен фактор. Пред да нанесете шминка, на лицето намачкајте подлога-прајмер, која е основен важен чекор во шминкањето.

Наместо пудра, користете тонирана крема, која иако ја нема истата покривна моќ, ќе ве поштеди од затворање на порите.

Во однос на шминката за очи, користете само моливче или пак сенка која нема сјајни честици во нејзе. Фиксаторот за шминка е клучен, било да се работи за спреј или за транспарентна пудра во прав.

Наместо кармин, можете да носите проѕитен сјај, а маскарата задолжително треба да е водоотпорна.

Шминка за очи инспирирана од зајдисонцето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close