Како дел од мировниот договор за Нагорно Карабах: Азербејџан го презеде Калбајар од Ерменија

Фото: twitter
Азербејџан соопшти дека нејзините сили влегле во втората од трите области што треба да преземени од Ерменија како дел од договорот за завршување на повеќенеделниот конфликт околу регионот Нагорно Карабах.
Министерот за одбрана на Баку рече дека „единиците на азербејџанската армија влегле во регионот Калбајар на 25 ноември”, како дел од договорот потпишан овој месец од Ерменија, Азербејџан и Русија.
Лоциран помеѓу спорниот регион Нагорно Карабах и ерменската територија, Калбајар првично требаше да се предаде на 15 ноември, но крајниот рок Азербејџан го одложи од хуманитарни причини.
– Завршена е инженерската работа за да се обезбеди движење на нашите единици во таа насока, по тешко проодните планински патишта што се чистат од мини и се подготвуваат за употреба, соопшти Министерството.
Ерменија се согласи да предаде три области околу Карабах – Агдам, Калбајар и Лачин, како дел од договорот со кој се стави крај на азербејџанската офанзива што зазеде делови од териториите изгубени во војната во 90-тите. Агдам беше предаден на 20 ноември, а Лачин ќе биде предаден на 1 декември.
Конфликтот околу Нагорно Карабах, меѓу двете поранешни советски републики, изби кон крајот на септември, предизвикувајќи долготраен судир во планинскиот регион.
Етничката ерменска енклава се оддели од Баку за време на војната во 90-тите и прогласи независност, иако беше признаена од меѓународната заедница како дел од Азербејџан.
Мировниот договор беше постигнат по шест недели тешки борби во кои азербејџанската армија ги совлада ерменските сепаратистички сили и се закани дека ќе стигне до главниот град на Карабах, Степанакерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот