Како Дејвид Боуви стана Зиги: Погледнете го првиот инсерт од филмот „Stardust“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Објавен е првиот инсерт од остварувањето „Stardust“, филм за пејачот Дејвид Боуви, во кој славниот музичар го глуми актерот Џони Флин.

Во објавената секвенца Флин се појавува како Боуви во разговор со Марко Марон, кој ја толкува улогата на издавачот Рон Оберман.

– Се што е потребно е само еден верник да го промени светот, зарем не? А ние имаме двајца. Веруваш во себе, нели? – прашува Марон.

„Stardust“, за кој продуцентите инсистираат дека не е биографски филм, се фокусира на трансформацијата на Боуви во Зиги Стардаст во раните седумдесетти години од минатиот век.

„Започнав со идеја да снимам филм за тоа што го карактеризира еден уметник, односно што всушност го тера да се занимава со уметност – изјави сценаристот и режисер на филмот, Габриел Ренџ.

„Stardust“ требаше да дебитира оваа седмица на одложениот њујоршки филмски фестивал, но сега ќе мора да ја почека премиерата во кино салите, која најверојатно ќе се случи дури на есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот