Како дебатираа Мицкоски и Заев за новиот Закон за јавно обвинителство

-Законот важи еднакво за сите, а сите докази прифатени од обвинителството се валидни, додаде претседателот Заев.

– Вие барате амнестија, но тоа нема да се случи. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12- ти април. А јас ве гледам директно во очи, за сите вклучително и јас, ако се огрешиле пред законот кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ да одговараат за кои што постојат докази да бидат изведени до крај. До крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува тие како за вас и оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

– Цела меѓународна заедница и огромен дел од екстерската јавност го потврдија и го поздравија законот за ЈО и сите предмети и предистраги на СЈО се гарантирани со него. Само ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски е против затоа што брани криминал – истакна претседателот на СДСМ Заев.

„Законот важи еднакво за сите, а сите докази прифатени од обвинителството се валидни. Судството мора да се прочисти, 90 отсто од судиите се од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кое влијае и 11 години влијаеше врз судството со застатрување на предмети, враќање на повторно судење“, порача Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот